Соопштение на Левица – град Скопје
На денешната, 32ра седница на Советот на Град Скопје, советниците на Левица дадоа поддршка на Иницијативата за финансиска помош на фудбалскиот клуб ВАРДАР од страна на градот Скопје.
По повод оваа точка на дневниот ред говор имаше советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Амар Мециновиќ, кој ја поздрави промената на сопствеништвото на клубот од приватни раце во колективна сопственост.
„Претходно клубот беше приватен, додека сега сопственоста е колективна. Најуспешните клубови во светот како Реал Мадрид, Барселона и клубовите од германската Бундеслига имаат ваков модел на сопственост.
Навивачите на Вардар треба да знаат дека тоа што му се случило на клубот е дел од генералната траекторија во која се движат работите во изминатите триесет години – расчеречување на сето што е колективно. Еднаш приватизираниот Вардар, сега граѓаните своеволно со страст и желба го спасуваат од состојбата во која е доведен во приватни раце. Кога велиме Вардар дека е „наша гордост“, да можеле големите партии да ја приватизираат и оваа апстрактна категорија ГОРДОСТ тие тоа би го направиле. Големите партии го помагаат клубот од популистички причини, додека се вистинските причинители за неговата мизерија.“