Веќе длабоко навлезени во кампањата за претседателските избори претседателсите кандидати Бујар Османи поддржан од УЧКите од ДУИ и Арбен Таравари поддржан од необалистичката коалиција „Вреди“ се уште противзаконски се рекламираат со билборди единствено на албански јазик.

Според член Членот 7 од Законот за употреба на македонскиот јазик, задолжително се лекторираат на македонски стандарден јазик и на неговото кирилско писмо: плакати, летоци, проспекти, транспаренти, рекламни табли, реклами на излози или друг вид рекламен материјал во физичка форма на правните лица; Нешто што очигледно отсуствува при билбордите на овие претседателски кандидати.

Ваквата политичка комуникација од страна на необалистичките албански политички партии е премногу штетна за меѓуетничките односи во Македонија бидејќи со овие противзаконски билборди претседателските кандидати Османи и Таравари де факто вршат сегрегирација врз електоратот во Македонија по етничка основа, промовирајќи се единствено на албанскиот етникум.

Ја потсетуваме јавноста дека политичката партија Левица е единствената релевантна политичка партија која се залага за УКИНУВАЊЕ на Охридскиот рамковен договор, кој претставува главениот извор на секојдневните меѓуетнички тензии и враќање на АСНОМските темели како најсветол момент на соживот во Македонија, кога сите етникуми се обединиле против фашистичките окупатори!

Ги повикуваме надлежните институции, Државната Изборна Комисија (ДИК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да реагираат на ова грубо противзаконско рекламирање на Османи и Таравари! – Стои во соопштението на секторот Политички систем при политичката партија Левица