Левица: Нема пари за одржување на стадионот во Скопје а има за конференции на ОБСЕ

Соопштение на Сектор Спорт при политичката партија Левица

Пред почетокот на натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Италија, стадионот е во очајна состојба! Токму на ваквите лоши услови се жалат и Италијанците пред вечерашниот натрпевар!

Неодамна, ОСМАНИ објави дека ќе врши градежни работи во СЦ Борис ТРАЈКОВСКИ за потребите на конференцијата на ОБСЕ и за таа цел ќе потроши милиони евра- тендерот го доби токму фирма блиска до ДУИ- Еуровиа!

По сите постапки на оваа ненародна власт може да се заклучи дека ДРЖАВНИ ПАРИ СЕ ТРОШАТ ЗА ОБСЕ А НЕМА ПАРИ ДА СЕ ОДРЖИ СТАДИОНОТ како би можело да се играат натпревари на репрезентативно ниво!

Левица бара одговорност од Владата за очајната состојба во која се наоѓа стадионот како и за трошењето на државни пари за пренамена на СЦ Борис ТРАЈКОВСКИ во конференциска сала на ОБСЕ !

официјална твитер страница на Италијанска фудбалска ТВ која пренесува за состојбата на стадионот во Македонија

Последно