Левица: Македонците намерно оставени без инфраструктура од националистот Дехари

Соопштение на ЛО Кичево при политичката партија Левица

Во Кичево со години, локалната власт на чело со “зелените”, е шовинистички настроена кон Македонците, овој пат од страна на поранешниот припадник на УЧК, Фатмир Дехари. Следствено на тоа, во минатото Кичевчани биле сведоци на етничко несразмерно вработување, истакнување на знамиња на туѓа држава за неважни празници за Македонија и останати националшовинистички испади.

Експлицитната ДИСКРИМИНАЦИЈА од страна на амнестираната ДУИ очигледна е и во инвестициите во патната инфраструктур во руралните средини со доминантно македонско население и доминантно немакедонско население.

Каде што доминира македонското население, повеќе од една деценија не е вложено ни во реконструкција, ни во одржување на патната инфраструктура. Постоечките ПАТИШТА се во очајна состојба, вегетацијата никој не ја уредува, ниту пак локалната власт обезбедила улично осветлување! За разлика од местата каде што доминира немакедонското население, инфраструктурата е во релативно добра состојба и постојано се инвестира во нова инфраструктура.

До кога градоначалникот Дехари ќе создава поделби по етничка основа и нетрпеливост со директна дискриминација помеѓу различните етникуми?! Дали ова се европските вредности за кои наводно се залага криминалната ДУИ?

Дали Дехари врши тивок апартхејд врз Македонците во Кичево и кичевско со двојни аршини за одржување и градење на инфраструктурата во градот?

Последно