Левица: Колку и како државата се грижи за децата со аутизам?!

И покрај тоа што пред неколку месеци Народниот правобранител претстави страотни наоди за состојбата на психијатриските установи, тоа очигледно немаше никакво значење за надлежното министерство.

Во кој век застанал здравствениот систем во Македонија ако врзувањето на пациентите со метални синџири, како и третман со ремени и кабли претставува нормална процедура!

Во прашање се доведува компетентноста на прозваните министри кои дозволија во текот на нивниот мандат лицата со посебни потреби да мораат да излезат на улиците и да протестираат за да бидат забележани и да ги остварат своите права.

Кога оваа влада нема сенс за најранливите категории на граѓани, тогаш што останува за другите.

За жал, ниту Центарот за социјални работи на град Скопје не се покажа во подобро светло. Напротив, единствениот државен Дневен центар за деца со аутизам, кој функционира во рамките на ЦСР, кој беше комплетно опремен со простор, специјално обучен кадар и соодветни нагледни средства за работа со деца со аутизам, сега е претворен во обична мала игротека од 30м2, со само 1 дефектолог.

Ова е флагрантен пример за систематско и планирано уништување на една толку потребна институција, земајќи го во предвид рапидниот пораст на бројот на деца со аутиза во изминативе години.

Семејствата на лицата со посебни потреби често се справуваат со финансиски, но и психолошки предизвици за кои државата не нуди решение, а тоа е голема пречка за интеграцијата на овие лица во заедницата. – Се вели во соопштението на социјалниот сектор при политичката партија Левица

Последно