Соопштение на политичката партија Левица
Денеска, југоистокот на Република Македонија заедно со народот од сите делови на државата, едногласно и преку протест, го изрази своето силно неодобрување кон рудникот на смртта “Иловица – Штука”. Изразената воља на народот за заштита на својата природа и здравје е силен сигнал до политичката олигархија.
Политичката олигархија не се предомислува и не престанува во своите намери да ги истошти националните ресурси и да ја загади почвата, воздухот и водата за обичните луѓе.
Отварањето на овој рудник ќе има погубно влијание на здравјето на луѓето и ќе причини огромна штета на идните поколенија – ќе придонесе до уништување на животната средина во овој дел од државата, со долготрајни последици.
Народот нема да дозволи интересите на милионерите блиски до СДС и ДУИ своеволно да ја разоруваат Македонија.
Левица даде безусловна поддршка на протестот и останува до крај во оваа борба за заштита на здравјето на луѓето, зачувување на природните богатства и за обезбедување на одржливи услови за идните поколенија, ослободени од канџите на СДС и ДУИ.