Левица: Директорот Дритон Небиу со бесрамно непочитување на уставот

Реакција на политичката партија Левица

Во петокот, на 14-ти јули, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, кадар од редовите на Алијансата на Албанците – Дритон Небиу, на својот фејсбук профил се пофали дека го прекршил членот 19 од Уставот на Република Македонија и принципот на секуларност со тоа што донел одлука едно од возилата кое е под надлежност на Агенцијата да го подари на џамијата „Ресистенца“ во скопското село Арачиново.

Овој скандал претставува само последниот од долгата низа скандали на прекршување на уставниот принцип на секуларност, како начело на одвоеност помеѓу државата и религијата. Во Април министерката за култура Бисера Костадиновска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски исто така го прекршија Уставот со тоа што предводеа владина делегација до Ерусалим да го носат „Светиот оган“ во Македонија.

Точно е дека на граѓаните од Арачиново им е потребна институционална помош но одлуката да „се помогне“ во форма на донација на комбе до религиска институција во најмала рака е лицемерна и популистичка. Кога сите здравствени установи во државава се соочуваат со недостиг на возила, ваквото возило, наместо во џамија да се донира на некоја од клиниките во Македонија, каде што впрочем и најмногу е потребна.

Долготрајната пракса на подјармување на принципите на секуларизам која ја создаваат деструктивните партии ја покажува нивната политичка непродуктивност и неизмерно расположение за расчеречување на државниот имот низ сите аспекти.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid035xxLKLcXAjACj9ivdZZFiEMMN1XDypNDS3VndLetcn6Mdfy73nkgJAa3EWPy46URl
Последно