Реакција на сектор спорт при политичката партија Левица
Бугарски ФБ профили повикуваат на собирање финансии за спонзорство на бугарски клуб кој би се натпреварувал во Македонија истакнувајќи дека Фондација Македонија ( бугарска организација ) ќе биде сопственик на истиот со влог од 15.000 евра!
За да биде провокацијата уште поголема направен е веб сајт каде е превземена цела историја на ФК ВАРДАР претставена под бугарско знаме.
Ова се скандалозни провокации и покрај досегашните небулозни барања и изјави на бугарите за историјата на Македонија, барањето за вметнување во македонскиот устав, сега истите продолжуваат да ја крадат и спортската историја преку крадење на амблемот на Вардар и опис на клубот на бугарски.
Ги повикуваме Агенција за млади и спорт и останатите надлежни институции веднаш да реагираат соодветно за заштита на спортот во Македонија