По трагичната несреќа во која животите ги загубија Претседателот на ИР Иран – Ебрахим Раиси, Министерот за надворешни работи – Амир Абдолахјан и придружната делегација, Политичката партија Левица упати телеграма за сочувство со иранскиот народ до амбасадата на ИР Иран.

Имајќи ја во предвид нивната борба на страната на угнетените народи, нивните заложби за глобална правда и солидарност против империјализмот, сметаме дека оваа трагедија не е огромна загуба само за ИР Иран, туку и за останатите народи.

Жалиме за загубата и на другите членови на делегацијата кои загинаа во несреќата и во ова време на тага, стоиме во солидарност со Владата и народот на ИР Иран. – стои во соопштението на Политичка партија Левица.