„Србија е мојата земја, ние живееме во неа и се молиме на Бога во џамиите, црквите и синагогите. Има илјадници џамии во кои се молат околу 600.000 муслимани кои живеат овде. Муслиманите на територијата на Србија, која е под власт на мнозинското православно население, живеат и работат во хармонија и делат заедничка судбина со векови, а јас како муслиман од мојата Србија сведочам за тоа. Овој народ не е геноциден и мојата Србија не го заслужува тоа.
Низ историјата сигурно имало поединци кои имале такви луди идеи, но не ги заразиле луѓето кои се уште се борат против таквите идеи било каде во светот. Мојата Босна и Херцеговина страдаше и ја доживеав секоја болка во моето срце. Нејзиниот живот, како и животот на мојата Србија, ни го даде Бог за да можеме да живееме рака под рака во хармонија едни со други. Да бидеме паметни и да не ги повторуваме грешките од минатото “. – напиша тој на својот Икс профил.