Пратеничко прашање на Борислав Крмов од Левица до премиерот Ковачевски.

,,Ние ја издигнавме сегрегацијата како еден врвен демократски принцип, нешто за кое милиони луѓе протестирале во Соединетите Американски Држави, да се тргне една од најодвратните политики коишто ова човештво имало, а ние во Македонија издигнавме на демократски принцип. Тоа се тие познати тактики од деведесетите, иако довчерашни комшии Македонци, Албанци во Тетово, во Гостивар, во делови од Скопје, било каде, немале никаков проблем со децении.


Одеднаш, во деведесеттите, почна да се јавува проблем, почна таа наводна борба за права, почнаа децата да се провоцираат, да се тепаат меѓу себе. И ние добивме чисти етнички паралелки, нешто што никаде во светот го нема. Значи, моето прашање е до кога мислите незаконски да продолжите да ја бутката нелегалната албанска паралелка во населба Чашка?”