Денес Носителот на Левица во третатата изборна единица Борислав Крмов, членот на Президиумот Александар Симонов, заедно со другарите и другарките од ЛО Кратово остварија средба со кратовчани.

Како и во сите досега посетени места, така и во Кратово добивме огромна народна поддршка.

На оваа средба кратовчани имаа можност да разговараат со нашите претставници, беа запознати со програмата на Левица за претстојните парламентарни избори, како и програмата на нашиот кандидат за Претседател на Република Македонија проф. Билјана Ванковска.

Крмов ги повика кратовчани да излезат и да гласаат за Левица, затоа што ние сме единствени кои се спремни за бескомпромисна битка со криминалната елита за доброто на секој граѓанин на Република Македонија! Стои во соопштението на ЛО Кратово при политичката партија Левица.