Иако сите номинирани луѓе и институции несомнено имаат голем придонес за културата и за поттикнување на читачката култура, наградата за специјален промотор на читачката култура за 2024 година оди кај Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Комисијата смета дека со кампањата „Читаме современи македонски автори“, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје даде сериозен придонес во развивањето и промовирањето на читачката култура во Македонија.

Низата од синхронизирани активности, како што е издвојување на книга на месецот од македонски автор, проследено со промоција, разговор со авторот и дискусија за книгата во неформален клуб на читатели придонесе за зголемување на интересот на читателската публика за современата македонска книжевност.

Комисијата го нагласува и промовирањето и истакнувањето на книгите во самите објекти на библиoтеката, како и промоцијата и претставувањето на македонските автори и дела преку медиумите и социјалните мрежи. Зголемениот интерес на членовите на библиотеката за домашните автори и авторки, како и зголемениот откуп од издавачите на книги од македонски автори потврдува дека оваа кампања ги остварила зацртаните цели. Треба да се истакне дека на долг рок, „Читаме современи македонски автори“ од кампања може да се претвори во стратегија која ќе изврши уште поголемо влијание во унапредувањето на читачката култура во Македонија. Стои во соопштението на Македонската асоцијација на издавачи.