Крах на американската „демократија“ – рекорден број американци не би гласале ниту за Бајден ниту за Трамп

Според истражувањето на агенцијата Ес-ес-ер-ес (Social science research solution) изработена за Си-ен-ен, „историски број Американци“ не сакаат ниту актуелниот американски претседател Џо Бајден, ниту неговиот претходник Доналд Трамп да победат на изборите за Белата куќа следната година, објави весникот „Хил“.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 33 отсто од учесниците го поддржуваат Трамп, додека 32 проценти го поддржуваат Бајден. Сепак, 36 отсто од учесниците во анкетата јасно изјавиле дека не го поддржуваат ниту еден од кандидатите.

Кога станува збор за регистрираните гласачи, 31 процент од нив не изразуваат предност за ниту еден од фаворитите за претседателската функција во Белата куќа.

Овие бројки претставуваат отстапување од нормата, бидејќи повеќето Американци обично фаворизираат барем еден од двата првични кандидати. Во 2020 година, само пет отсто од испитаниците во анкетата на Си-ен-ен изјавија дека не им се допаѓаат ниту Бајден, ниту Трамп. Во 2012 година овој процент беше уште помал – три проценти од гласачите истакнаа дека не би гласале ниту за Барак Обама ниту за Мит Ромни.

Ова претставува јасен знак дека „демократијата“ во САД се наоѓа под голем прашалник и дека американските граѓани се освестуваат за илузијата на избор што ја имаат во американскиот „амбрела“ политички спектар, во кој политичките партии се без разлики во идеологиите.

Превземено од: https://www.vecer.press/британците-бараат-укинување-на-санкц/

 

Последно