Кои се условите на Русија за продолжување на Црноморскиот договор за жито?

За две недели, поточно на 18 јули, истекува Црноморскиот договор за извоз на украински житарки, а сè уште нема договор меѓу Русија и Украина и Обединетите нации и Турција како посредници.

Притоа, рускиот пратеник во ОН, Генадиј Гатилов, во интервју за весникот „Известија“ изјави дека нема основа за одржување на „статус кво“.

Поврзување со SWIFT
Гатилов изјави дека спроведувањето на руските услови за продолжување на договорот се „одолговлекува“, а тие меѓу другото вклучуваат и повторно поврзување на Руската земјоделска банка (Росселхозбанк) со банкарскиот платен систем SWIFT.

„Русија повеѓепати ја продолжуваше примената на договорот со надеж дека ќе се случат позитивни промени. Меѓутоа, она што се случува не ни дава основа да се согласиме на задржување статус кво“, коментираше тој.

Дали ЕУ ќе ги укине санкциите?

Во меѓувреме, Financial Times објави дека Европската Унија го разгледува предлогот да и дозволи на санкционираната руска банка да основа подружница која повторно ќе се поврзе со глобалната финансиска мрежа како отстапка за Москва за продолжување на Црноморскиот договор.

Планот на Москва е тоа да биде подружница на Роселхозбанк која ќе се занимава со плаќања поврзани со извозот на жито, тврдат пет лица упатени во разговорите. На новиот субјект би му биде дозволено да користи SWIFT, кој беше затворен за најголемите руски банки по инвазијата на Украина минатата година.

Дополнително бараат продолжување на набавката на земјоделска механизација и делови и укинување на ограничувањата за осигурување и реосигурување.

Превземено од: https://agrotim.mk/koi-se-uslovite-na-rusija-za-prodolzhuvane-na-czrnomorskiot-dogovor-za-zhito/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=koi-se-uslovite-na-rusija-za-prodolzhuvane-na-czrnomorskiot-dogovor-za-zhito

Последно