Кина воведува ограничување на извозот на материјали за производство на чипови

Кина ќе воведе дозволи за извоз на група производи од метал кои се користат во произвоството на полупроводници, најави кинеското Министерство за трговија, со што ќе се засили напнатоста во трговските односи со Вашингтон во технолошкиот сектор.

Мерките за контрола на извозот ќе стапат на сила од 1 август, а ќе опфати 14 производи од галиум и германиум, велат од Пекинг и потегот го образложуваат со заштита на националната безбедност и интересите.

Листата опфаќа соединенија кои се користат во производството на полупроводнички диоди, транзистори и интегрирани склопови. Германиумот уште се користи во инфрацрвената технологија, оптичките кабли и соларните ќелии.

Производителите ќе мора да набават дозволи за извоз, нагласуваат од Министерството и додаваат дека кршењето на одредбите носи казни.

Овој потег на Пекинг следува после низата мерки со кои САД го ограничи извозот на софистицирани чипови во Кина, повикувајќи се на националната безбедност и можната двојна примена, која ја вклучува и војската. САД заедно со Холандија и Јапонија ги здружи силите за ограничување на извозот на машини за производство на софистицирани чипови во Кина.

Така, холандската влада најави нови правила според кои производителите на софистицирани машини за чипови ќе мора да набават дозволи за извоз.

Превземено од: https://inovativnost.mk/2023/07/06/кина-воведува-ограничување-на-извозо/

Последно