Потпретседателот на политичката партија Левица, Реџеп Исмаил – Хактан на својот фејзбук профил реагираше за билбордите на претседателските кандидати поддржани од албанските политички партии, чии се целосно на албански јазик.
Неговиот фејзбук статус го пренесуваме во целост:
Ги повикувам АВМУ, ДИК и Обвинителство да застанат пред некој од овие билборди и на глас да го читаат Член 7 од Законот за употреба на македонскиот јазик.
Член 7 од Законот за употреба на македонскиот јазик гласи:
Задолжително се лекторираат на македонски стандарден јазик и на неговото кирилско писмо: плакати, летоци, проспекти, транспаренти, рекламни табли, реклами на излози или друг вид рекламен материјал во физичка форма на правн