Македонско-српската компанија ,,КЕПС МОНТ” деновиве е во процес на стекнување на Б еко-дозвола за преработка на згурата од велешката Топилница. Имено, во процесот на консултации е вклучена консултантската куќа G-KONSULT од Скопје, којашто се поврзува со Мартина Блинкова-Дончевска, внука на генералниот Инспектор за животна средина Дарко БЛИНКОВ. Дарко Блинков, виш член на Државниот инспекторат за животна средина, се очекува да изврши инспекциски надзор во КЕПС МОНТ. Оваа фирма беше бранета од неговата внука на јавната расправа, што ја иницираше советничката група на Левица во Велес.
Ваквата ситуација предизвикува загриженост поради потенцијален конфликт на ИНТЕРЕСИ, како одраз на врската држава-бизнис во рамките на Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина. Надлежноста за работа на оваа компанија е во рацете на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, кој одби да присуствува на јавната расправа со експертите.
,,КЕПС МОНТ”, кој по втор пат бараше Б интегрирана еколошка дозвола, претходно доби дозвола од 2019 до 2023 година. Меѓутоа, во тој период беа отстранети само 0,025% од вкупно 2 милиони тони згура, а дестинацијата беше Куала Лумпур, Малезија. Новата дозвола има за цел да ги прошири активностите, вклучувајќи мелење и дробење на теренот на згура за продажба како вештачка минерална суровина. Но, отпадот содржи опасни метали како што се цинк, олово, кадмиум, бакар, арсен, индиум и талиум.
Левица остро се спротивставува на издавањето на дозволата од страна на градоначалникот Марко Колев, сметајќи дека тоа е тежок чин на непочитување на граѓаните на Велес. Иако експертската и граѓанската јавност едногласно беше ПРОТИВ издавањето дозвола за време на јавната расправа, постои притисок да се отвори оваа еколошки чувствителна локација, која се смета за жешка еко-точка во Република Македонија. – Се вели во соопштението на зелениот сектор при политичката партија Левица