ЕУ сè уште и плаќа на Москва милијарди евра за ЛНГ

Само оваа година ЕУ на Русија ќе и плати 9 милијарди евра за течен природен гас, а рускиот ЛНГ сега држи до 18 отсто од снабдувањето со гас во Шпанија, 15 отсто во Франција и 10 отсто во Белгија. Од терминалот Крк изјавија за Н1 Хрватска дека досега не е испорачан брод со руски ЛНГ во Хрватска. За разлика од рускиот природен гас, кој едвај стигнува до ЕУ преку гасоводи, ситуацијата со течниот природен гас (ЛНГ) е целосно обратна, се вели во најновата анализа на бриселскиот тинк-тенк „Бројгел“.

Превземено од: https://www.slobodenpecat.mk/eu-se-ushte-i-plakja-na-moskva-milijardi-evra-za-lng-zarem-ne-e-vreme-za-embargo/

Последно