Црвена Младина:Единствената надеж за промена во оваа држава ја гледате пред вас

Ви го пренесуваме целосниот текст од прес конференцијата на Црвена Младина:

Ние се наоѓаме на истото место, живееме во истата земја но со друго име каде што некогаш живееле млади, многу посреќни од мене и од вас

Ако се навратиме 3 децении наназад, младиот човек во Македонија шетал во повеќе паркови, дишел почист воздух, се образувал во поквалитетен образовен систем, имал поголеми можности за вработување, повеќе се вреднувал интелектот и се наградувал трудот и секој можел да си овозможи пристоен одмор.

Но ние младите денес, чуствуваме голема неправда нанесена од државните институции со тоа што:

Го дишеме најзагадениот воздух во светот, парковите ни ги уништи градежната мафија поддржана од криминогените политички елити, живееме во руинирани студентски домови а непотизмот и корупцијата ни се дел од секојдневниот живот.

Додека ние, децата на работниците, на стечајците, на самохраните родители чесно ги постигнуваме нашите успеси во текот на студиите, децата на функционерите, синовите и ќерките на црвената буржоазија со лажни дипломи си ги завршуваат факултетите, живеат во раскош со државни пари врз грбот и потта на нас и нашите родители.

Каде е мотивот да се остане во оваа држава?!

Каде што само 10% од дипломираните студенти се вработуваат по струка, и повеќето од нив со партиска книшка и роднински врски.

Се додека се подзаборава на социјална правда, се додека владее непотизмот и корупцијата, се додека се трошат народните пари за лични цели и раскошен живот за децата на партиските функционери, ние младите, немаме иднина во оваа држава.

Затоа многу училишта се празни, многу семејства се збогуваат од своите најблиски барајќи егзизтенција и поспокоен живот во странство.

Драга младино!

Единствената надеж за промена во оваа држава ја гледате пред вас. Црвена Младина и Левица се трнот во око на криминогените политички партии во и единствениот политички фактор кој стои на нивниот пат. Затоа, ве повикуваме да ни се придружите во нашата заедничка за подобро утре бидејќи промената можеме да ја направиме само ние.

Превземено од: https://www.facebook.com/watch/?v=538931378402138

Последно