Црвена Младина: Започната официјална соработка со Џиовани Комунисти

Соопштение на Црвена Младина

Со големо задоволство ја информираме јавноста дека Црвена Младина и италијанската комунистичка младина Џиовани Комунисти отвараат официјална соработка помеѓу двете организации.

Оваа идеја се создаде на CENA кампот во Белград, организиран од Светската Федерација на Демократска Младина на која што Црвена Младина беше претставена од секретарот Кристијан Димков при билатерални средби со претставниците на Џиовани Комунисти. Додека се зацврсти при виртуелна билатерална средба остварена помеѓу двете организации.

Ова претставува прв чекор кон поблиска соработка помеѓу нашите организации во која главен фокус ќе биде спротиставувањето на американскиот империјализам предводен од НАТО, борбата против енормниот раст на фашистичко ориентираните партии во Европа како и борбата против дивеењето на капитализмот и неговите уништувачки елементи.

Последно