Црвена Младина со честитка за 8ми Април – меѓународниот ден на Ромите

ЧЕСТИТ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

По повод меѓународниот ден на Ромите, Црвена Младина испраќа честитка на солидарност и единство до ромската заедница во Република Македонија.

Покрај акцијата на терен со залепување на стикери на кои се честита овој голем празник за ромската заедница, активисти на Црвена Младина преку разни транспаренти им порачаа на институциите:

НА РОМИТЕ НЕ ИМ Е ПОТРЕБНО КРЕВАЊЕ СВЕСТ ТУКУ РЕАЛНА ПРОМЕНА

Владата на Република Македонија, со децении наназад троши милиони евра европски и државни пари за „кревање на свест“ на ромската заедница преку разни невладини организации без никаков реален ефект односно нема никакво подобрување на секојдневниот живот на Ромите.

РОМИТЕ ПОСТОЈАТ И ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ

Пред сите избори во историјата на Македонија јавна тајна е дека во сите општини каде што живее ромско население се случува масовен поткуп на гласови со основни прехрамбени продукти, бидејќи жителите немаат средства да си ги обезбедат и до наредните избори жителите остануваат заборавени од политичките партии.

ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ = СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Ромите се соочуваат со предрасуди и дискриминација во секој поглед на општествениот живот. Се додека Ромите не се целосно еманципирани и заземаат активно учество во општествените институции не можеме да говориме за еднакво и праведно општество.

BAHTALO 8 APRIL!

Последно