Во револуционерниот Прилеп, секојдневниот достоинствен живот на тамошните граѓани е загрозен од злосторничкиот консорциум „Бехтел и Енка“, од повеќе аспекти. Активисти на Левица од зелениот сектор како и од локалниот огранок Прилеп викендов одржаа средба со граѓанското здружение „Калеш Анѓа“ во протест против нехуманото експлоатирање на градежен материјал од страна на Бехтел и Енка.

Пустошот направен од страна на концорзиумот „Бехтел и Енка“

Левица како единствена партија која се обиде да го спречи спроведувањето на криминалниот и таен, мулти милијардерски договор вклучен во четири очи со коруптивниот концорзиум „Бехтел и Енка“ незачудувачки остана единствениот политички субјект кој даде поддршка на граѓаните кои се загрозени од бруталното однесување на овој консорциум.

Имено, со нивниот план за експлоатација на градежен материјал од плетварските брда, во непосредна близина на селото Ореовец, загрозени се изворите на вода кои го напојуваат хидросистемот за наводнување на Пелагонија. Додатно загрижувачка информација, особено за мештаните, е фактот дека за да се експлоатира градежен материјал, би била потребна употреба на експлозиви. Потресите предизвикани од таков вид на експлоатација ги оштетува куќите во близина а прашината ќе го покрие градот Прилеп кој подолго време се соочува со низок квалитет на воздух.

Пустошот направен од страна на концорзиумот „Бехтел и Енка“

Левица во непосреден разговор со здружението „Калеш Анѓа“ дознава дека регионот подложен на ископ е природно живеалиште на ендемски вид пеперутка која не постои на ниту едно друго место на светот. Доколку се дозволи овој нехуман однос према граѓаните и природата од страна на Бехтел и Енка да продолжи, последиците ќе бидат загрижувачки.