Емотивниот говор на претседателот на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, во Титов Велес, на 18 Април 2024, прв ден од кампањата за Парламентарните избори:
„Зошто почнуваме од Велес? Ете затоа почнуваме… Почнуваме од Црвениот Велес. Градот на Рацин, каде што секое парче од калдрмата е Историја. Ете затоа почнуваме од Велес.
И нема да престанеме додека не ги избркаме како црв од јаболко! Доста ни ја јадете душата, доста ни ја јадете Татковината.
Да беше жив Рацин ќе ви речеше: “Да се плукне гадот валкан”! Тој беше дрзок и знаеше колку вреди народниот дух, и затоа не дозволи никогаш народниот дух да падне.” Стои во соопштението на политичката партија Левица