,,Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики”, рече Апасиев.

Носителот на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица Сашко Јанчев рече дека главните негови заложби се насочени во земјоделството и стопанството, заговарајќи договорно, сигурно земјоделско производство и отворање државни профитабилни фирми. Се нудат реални, но радикални мерки зашто без нив нема промени.

– Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството. Планираме фиксни откупни цени, државни откупни центри за да не можат прекупците да ја местат цената како што ним им одговара, ладилници за складирање на произведената храна од кои ќе се снабдуваат Армијата, градинките, училиштата, болниците. Мерките, генерално ни се насочени кон државна интервенција во земјоделството, а не да биде оставено стихијно. Во стопанството планираме рестартирање или отворање државни профитабилни фирми во секоја стратешка стопанска гранка, рече Јанчев при претставувањето во Прилеп.

,,Оние ĸои ме следат знаат деĸа мојата досегашна битĸа беше во ĸавадаречĸиот совет ĸаде влегов на штотуĸу наполнети 22 години! Успеав да спречам низа погубни урбанистичĸи планови, да ĸажам работи до тогаш неĸажани во советничĸата сала!

Од таму и мојата подготвеност да тргнам во борба за пратеничĸи ангажман. Јас сум фармацевт ĸој работи во ИТ индустријата, верувајте, не сум во политиĸа за да заработувам, туĸу со моите другари да направам промена во овој заĸоравен опортунистичĸи систем!”, истакна кандидатот за пратеник во ИЕ4, Круме Богевски. Стои во соопштението на политичката партија Левица.