Претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев за Декларацијата на Собранието по повод четири години од членството во НАТО:
,,НАТО не носи демократија! НАТО е кршач на меѓународното право и на Повелбата на ООН. Без дозвола на Советот за безбедност, НАТО ја нападна Југославија во 1999 година, ја нападна Либија, го нападна Ирак и редици други држави.
Не точно ни тоа дека народот сакал во НАТО! Не е испочитуван членот 120 од Уставот на Република Македонија којшто вели: „Одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинство од вкупниот број на избирачи”! Референдумот во 2018 беше неуспешен и немаше цензус и оттука уставниот услов за да влеземе во НАТО не е испочитуван, што значи противуставно и против волјата на народот сме влезени во НАТО.”