Преку целиот цивилизиран свет, учењата на Маркс ја предизвикуваат најголемата омраза и непријателство на сите буржоазни науки, кои го гледаат Марксизмот како вид на “опасна секта”. И не може да се очекува друг однос, бидејќи не постои “непристрасна” општествена наука во општество базирано на класна борба. На некој начин, сите официјални и либерални науки бранат наемно ропство, додека Марксизмот има објавено немилосрдна војна против тоа ропство. Да се очекува непристрасност од науката во друштво на ропството е наивно колку и да очекуваме непристрасност од капиталистите на прашањето дали платата на работниците не треба да се зголеми преку намалување на профитот.
Но тоа не е сè. Историјата на филозофијата и историјата на општествените науки со перфектна јасност покажуваат дека нема ништо што наликува на “сектантство” во Марксизмот, во смисла на тоа дека тоа е ограничена, скаменета доктрина, доктрина која се појави на страна на развојот на светската цивилизација. Напротив, генијот на Маркс се состои точно во тоа што нуди одговори на прашањата веќе поставени од најнапредните умови на човештвото. Неговата доктрина се појави како директно и моментално продоление на учењето на најголемите претставници на филозофијата, политичката економија и социјализмот.
Марксистичката доктрина е семоќна, бидејќи е вистинита. Таа е сеопфатна и хармонична, и им обезбедува на луѓето интегрирана светска перспектива непомирлива со каква било форма на суеверие, реакција или одбрана на буржоаското угнетување. Таа е легитимен наследник на најдоброто што човекот го создал во деветнаесеттиот век, претставено од германската филозофија, англиската политичка економија и францускиот социјализам
Токму овие три извори на марксизмот, кои се воедно и негови составни делови, ќе ги изнесеме накратко.
I
Филозофијата на марксизмот е материјализмот. Низ модерната историја на Европа, а особено на крајот на 18 век во Франција, каде што се водеше решителна борба против секаков вид на средновековно ѓубре, против крепосништвото во институциите и идеите, материјализмот се покажа како единствената филозофија која е конзистентна, верна на сите учења на природните науки и непријателски настроена кон суеверието, неправдата и сл. Затоа, непријателите на демократијата секогаш се труделе да го “побијат”, поткопаат и оклеветат материјализмот, и пропагирале разни форми на филозофски идеализам, кој во една или друга форма секогаш се своди на одбрана или поддршка на религијата.
Маркс и Енгелс го заштитуваа филозофскиот материјализам на најрешителениот начин и повторно објаснија колку длабоко погрешно е одтрнувањето од оваа основа. Нивните погледи се најјасно и најцелосно изложени во делата на Енгелс, Лудвиг Фоербах и Анти-Диринг, кои, заедно со Комунистичкиот манифест, се учебници за секој свесен работник.
Но, Маркс не застана на материјализмот од осумнаесеттиот век: тој ја разви филозофијата на повисоко ниво, ја збогати со достигнувањата на германската класична филозофија, особено со системот на Хегел, кој пак доведе до материјализмот на Фоербах Главното достигнување беше дијалектиката, т.е доктрината за развој во нејзината најцелосна, најдлабока и најсеопфатна форма, доктрината за релативноста на човечкото знаење што ни обезбедува одраз на вечно развојната материја. Најновите откритија на природните науки – радиумот, електроните, трансмутацијата на елементите – беа извонредна потврда за дијалектичкиот материјализам на Маркс,и покрај учењата на буржоаските филозофи со нивните „нови“ реверзии на стариот и декадентен идеализам.
Маркс целосно го продлабочи и разви филозофскиот материјализам и го прошири спознанието на природата за да го вклучи и спознанието на човечкото општество. Неговиот историски материјализам беше големо достигнување во научното размислување. Хаосот и самоволието што претходно владееја во погледите на историјата и политиката беа заменети со впечатливо интегрална и хармонична научна теорија, која покажува како, како последица на растот на производните сили, надвор од еден систем на општествено живеење се развива друг и повисок систем – како капитализмот, на пример, израснува од феудализмот.
Марксовата филозофија е целосен филозофски материјализам кој на човештвото, а особено на работничката класа, му обезбеди моќни инструменти на знаење.
Како што човековото знаење ја рефлектира природата (т.е., материја во развој), која постои независно од него, така и општественото знаење на човекот (т.е. неговите различни погледи и доктрини – филозофски, религиозни, политички и така натаму) го одразуваат економскиот систем на општеството. Политичките институции се надградба на економската основа. Гледаме, на пример, дека различните политички форми на современите европски држави служат за зајакнување на доминацијата на буржоазијата над пролетаријатот.
Филозофијата на Маркс е целосен филозофски материјализам кој му обезбедува на човештвото, и особено на работничката класа, моќни средства за знаење.
II
Откако увиде дека економскиот систем е основата врз која е изградена политичката надградба, Маркс посвети најголемо внимание на изучувањето на овој економски систем. Главната негово дело “Капиталот”, е посветено на изучување на економскиот систем на модерното, т.е капиталистичкото општество.
Класичната политичка економија, пред Маркс, се развиваше во Англија, најразвиената од сите капиталистички земји. Адам Смит и Дејвид Рикардо, со своите истражувања на економскиот систем, го поставија основите на трудовата теорија на вредноста. Маркс ја продолжи нивната работа; тој обезбеди доказ за теоријата и доследно ја развиваше. Тој покажа дека вредноста на секоја стока се определува со количината на општествено неопходното работно време потрошено за неговото производство.
Онаму каде што буржоаските економисти гледаа врска меѓу нештата (размена на една стока за друга), Маркс откри однос меѓу луѓето. Размената на стоки ја изразува поврзаноста меѓу индивидуалните производители преку пазарот. Парите значат дека врската станува се поблиска и поблиска, неразделно обединувајќи го целиот економски живот на поединечните производители во една целина. Капиталот означува понатамошен развој на оваа врска: работната сила на човекот станува стока. Наемниот работник ја продава својата работна сила на сопственикот на земја, фабрики и инструменти за работа. Работникот троши еден дел од денот покривајќи ги трошоците за одржување на себе и своето семејство (плати), додека другиот дел од денот работи без плата, создавајќи за капиталистот вишок вредност што претставува изворот на профитот, изворот на богатството на капиталистичката класа.
Доктрината на вишокот на вредност е основата на економската теорија на Маркс.
Капиталот, создаден од трудот на работникот, го уништува работникот, уништувајќи ги малите сопственици и создавајќи армија од невработени. Во индустријата, победата на големото производство е веднаш очигледна, но истиот феномен треба да се забележи и во земјоделството, каде што е зајакната супериорноста на големото капиталистичко земјоделство, се зголемува употребата на машини и селската економија заробена од пари-капитал, опаѓа и паѓа во пропаст под товарот на неговата заостаната техника. Падот на малото производство зазема различни форми во земјоделството, но самиот пад е неоспорен факт.
Со уништувањето на производството на мало, капиталот води до зголемување на продуктивноста на трудот и до создавање на монополска позиција за асоцијациите на големите капиталисти. Самото производство станува сè по општествено – стотици илијади и милиони работници се поврзани во редовен економски организам – но производот од овој колективен труд се присвојува од страна на мал број капиталисти. Се засилуваат анархијата на производството, кризите, бесната бркотница по пазарите и несигурноста за постоење на масата на населението.
Со зголемувањето на зависноста на работниците од капиталот, капиталистичкиот систем ја создава големата моќ на обединетиот труд.
Маркс го следеше развојот на капитализмот од ембрионалната комодитетска економија, од едноставната размена, до нејзините највисоки форми, до големото производство.
И искуството на сите капиталистички земји, стари и нови, од година во година јасно ја покажуваат вистинитоста на оваа марксистичка доктрина за сè поголем број работници.
Капитализмот триумфира низ целиот свет, но овој триумф е само прелудија пред триумфот на трудот над капиталот.
III
Кога беше соборен феудализмот и во светот се појави „слободното“ капиталистичко општество, веднаш стана очигледно дека оваа слобода значи нов систем на угнетување и експлоатација на работниот народ. Различни социјалистички доктрини веднаш се појавија како одраз и протест против ова угнетување. Меѓутоа, раниот социјализам беше утописки социјализам. Го критикуваше капиталистичкото општество, го осудуваше и го проколнуваше, сонуваше за негово уништување, имаше визии за подобар поредок и се трудеше да ги убеди богатите во неморалот на експлоатацијата.
Но, утопискиот социјализам не можеше да укаже на вистинското решение. Не можеше да ја објасни вистинската природа на наемното ропство во капитализмот, не можеше да ги открие законите на капиталистичкиот развој или да покаже каква општествена сила е способна да стане креатор на ново општество.
Во меѓувреме, бурните револуции кои насекаде во Европа, а особено во Франција, го придружуваа падот на феудализмот, на крепосништвото, сè појасно ја откриваа борбата на класите како основа и движечка сила на секој развој.
Ниту една победа на политичката слобода над феудалната класа не беше извојувана освен против очајничкиот отпор. Ниту една капиталистичка земја не еволуираше на повеќе или помалку слободна и демократска основа, освен со борба за живот и смрт меѓу различните класи на капиталистичкото општество.
Генијалноста на Маркс лежи во тоа што тој прв од ова ја заклучил лекцијата што ја учи светската историја и ја применувал таа лекција доследно. Дедукцијата што ја направи е доктрината на класната борба.
Луѓето секогаш биле наивни жртви на измами и самозалажување во политиката, и секогаш ќе бидат додека не научат да ги бараат интересите на некоја класа зад сите морални, религиозни, политички и општествени фрази, декларации и ветувања.. Бранителите на реформи и подобрувања секогаш ќе бидат измамени од заштитниците на стариот поредок, сè додека не сфатат дека секоја стара институција, колку и да изгледа варварска и гнила, сја одржуваат силите на одредени владејачки класи. И постои само еден начин да се разбие отпорот на тие класи, а тоа е да се најдат, во самото општество кое нè опкружува, силите кои можат – и, поради нивната социјална положба, мораат – да ја сочинуваат моќта способна да ги уништи старото и создавањето на новото и да ги просветли и организира тие сили за борба.
Само филозофскиот материјализам на Маркс му го покажа на пролетаријатот излезот од духовното ропство во кое дотогаш пропаѓаа сите угнетени класи. Само економската теорија на Маркс ја објасни вистинската позиција на пролетаријатот во општиот систем на капитализмот.
Независните организации на пролетаријатот се размножуваат низ целиот свет, од Америка до Јапонија и од Шведска до Јужна Африка. Пролетаријатот се просветлува и се образува водејќи ја својата класна борба; се ослободува од предрасудите на буржоаското општество; сè поблиску ги собира своите редови и учи да ја мери мерката на нејзините успеси; си ги челичи силите и неодоливо расте.
Преведено од: Лазар Симонов
Преземено од: https://www.marxists.org/archive/lenin/works/1913/mar/x01.htm