Филип Митревки е студент на филозофски факултет при катедрата за филозофија, поет, левичарски активист и борец за социјална правда.

ХЕРОЈСТВО

Цел свој век по крвта на твојте дедовци газеше
Но нит глас нит крик жалосен испуште, да не завршиш взандана се пазеше
До кога бе синко денови мачни ќе строиш?
Време е веќе нешто да сториш

Затоа ладна пушка зграби
И машко срце стегни вгради
Бесна душа за бој спреми
И солзи мајчини со себе земи

Црвено знаме со љубов бакни
И под жолто сонце ти снага оплакни
Храбра песна со ветрот нека се вие
Душманите проклети нека ги свие

Солзи радосни гласно рони
Зборој последни внимателно крои
Среќен биди од тебе јунак бидна
Крвта твоја дури до корењата стигна

Од телото твое никна црвено цвеќе
А него го собра македонско дете

МАРА

Солзи ко бисери охридски нижеше Мара сама
Либе свое чекаше пред планина стара
Малехерка клета Мара слушна
Либе нејзино земја ладна крвава гушна

Реши Мара да остави дом свој
Тргна моме во безмилосен бој
Ќе одмаздам рече јас љубени свои
Но не можеше Мара веќе денови бедни да брои

Посака Мара во земја снежа да влезе
Несреќна таа од бој херојски жива излезе

Тргна Мара дома да се врати
Несреќлика пуста не успеа патот да го скрати
Мина таа патишта планински тешки
А срце и биеше ко тапан вгради жешки

Стигна Мара до двор свој некако се снајде
Но при куќа своја Мара куќа не си најде

ТУЃ ЈУНАК

Брат брата си коли
Но никој никого за прошка не моли
Во туѓи редови гордо стои
Со крв своја алова непријателски знамиња бои

Под окупаторски здив послушно како дете стои
Деца свои не си гледа за да позлати окупаторски седела
Плашлив тој при толку мани мана не бара
За тоа нешто наречено храна

Ах бре јуначе поради кришка сув леб беден
Ти ќе бидеш постројан следен
Додека мајка ти стара бели коси куби
Ти слушаш окупаторски труби

Како туѓинец ќе умреш на земја своја плодна
Зашто не одбрана земја родна

ЖАЛНА МЛАДОСТ

Поле зелено јагурина
Низ тревата газеа многумина
Воениот плод се скина
Цела чета замина

Ров до ров
Роб до роб
Желзни зрна на секаде се садат
И со дечија крв се вадат

Очи млади пламни
Пред себе гледаат маки стални
Дал другар замрен да галат
Ил мајка да жалат

Ах ти војниче млади
Уште вечерва храбар биди
Слободна земја утре види