Христијан Мурџески е студент на философски факултет при катедрата на филозофија, паралелно студира на правниот факултет при катедрата на правни студии, поет, левичарски активист.
ГРУТКИ
***
Тие се грутки
Тие се грутки, црни угари
Тие се грутки зенична земја
Вериги од тешки раце
Што по тебе ќе гребат
ОГЛЕДАЛО
***
Штом зора ќе ти искорне сон
Со својот одрон да исплакнеш лик
Кога гроб во својата желба ќе најдеш
КОМЕДИЈА
***
Ќе го исчистиме гневот
Светот ќе копнее по водата на дождот,
Дека крв ќе капе од челата на оние
чие место е гроб.
Нем плач ќе се воздигне до небесата
Ќе ги расече божествата
Олимписко месо врескајќи ќе падне
Од врвот на облаците врз моето детство
ЗАТИШЈЕ НА СЛОБОДАТА
***
Длабоко во понорите на свеста
Се губеше поменот на суштината
Тешкиот болскот впивајќи ја глетката од болната прелест
Се топеше како магла врз потта
Која течеше врз тврдите грутки
Заедно со оној од којшто се излеваше
Во срцето на сведоштвото почувствував одврат
Ужасот се беше вдомил во секој од нас
***
РАСКИН
***
Ќе наведнам образ да ја дофатам осеката
Низ другиот венеат солзи во горчлива глад
На врвот зли ангели варосуваат ѕвезди
Од сиот тој џагор, зјаеше празнината
ПИСМА
***
Мреј мила во далгата тивка
Каде дождот ти е на солзата сон
Чекајќи го со копнеж нашето распетие
***
ОТАДЕ БИТКАТА
***
Ја подаваш раката,
посегнуваш по тмурот на кваката,
секавица пропаста ти ја соблазнува,
и гледаш како свирепо се затвора вратата,
како во дождот пак утехата ти се развлажнува.
***