Мустафа Тамими фрлаше камења. Без пардон и понекогаш бестрашно. Не само на тој ден, туку речиси секој петок. Тој си го криеше лицето. Не поради страв од затворската ќелија, која тој ја запозна интимно, туку за да си ја зачува слободата, за да може да продолжи да фрла камења и да се спротивставува на кражбата на неговата земја. Тој го правеше тоа се до моментот на неговата смрт. Според британскиот весник The Dayle Telegraph како одговор на репортажите за убиството на Тамини, портпаролот на GOC Јужната команда се прашуваше на неговата твитер корисничка сметка: „Што ли си мислеше Мустафа да трча пред џип во движење и да фрла камења #fail.“ Така, едноставно и со потсмев гласноговорникот објасни зошто Тамими треба да се обвини за сопствената смрт.
Мустафа Тамими, од селото Наби Салех – син на Иклас и Абд ал-Разак, брат на Садам и Зијад, на близнаците Оудаи и Лоуаи и сестра Ола – беше застрелан во главата од кратко растојание, во петокот. Часови подоцна во 09:21 во саботното утро тој умре од здобиените рани. Му беше пукано со гасна граната од оклопен воен џип на растојание од неколку метри.Во него не беше пукано поради страв. Лицето кое го застрела пукаше со намера во него. Лицето е војник. Неговиот идентитет останува непознат и можеби ќе остане така засекогаш. Можеби така е најдобро. Идентификувајќи го и казнувајќи го би служело само да се исперат злосторствата на целиот систем. Ќе испадне како да индиферентниот изреалски цивил, наредникот, компанискиот командир, командирот на батаљонот, бригадниот командир, дивизискиот командир, министерот за одбрана и премиерот да немале никаква улога во пукањето.
Портпаролот на армијата беше во право. Мустафа умре поради фрлање на камења; тој умре бидејќи се осмели да ја кажува вистината, со неговите раце, на место каде вистината е забранета. Секоја дискусија за пукањето, легалноста и наредбите за отворање на оган, доведува до заклучок дека на домаќинот му е забрането да го избрка гостинот. Навистина, на гостинот му е дозволено да го пука домаќинот.
Телото на Мустафа лежи безживотно бидејќи тој имаше храброст да фрла камења на 24 годишнината од Првата интифада, која беше зачетник на фрлањето на камења од страна на палестинските деца. Неговиот брат Оудаи е затворен во затворот Офер и не му беше дозволено да оди на погребот, бидејќи и тој некогаш фрлал камења. И на неговата сестра не и беше дозволено да биде крај него во последните мигови и не за тоа што таа е осомничена за фрлање на камења, туку бидејќи е Палестинка.
Мустафа беше храбар човек кој загина поради фрлање камења и поради немање на страв од војник кој носи оружје и кој седи удобно во оклопно возило. Дента кога загина Мустафа, замрзнатата тишина која се простираше низ долината беше помалку ладна од пискавиот звук на оплакувањата на неговата мајка кои повремено се појавуваа.
Илјадници на фрлачи на камења го следеа него на неговиот погреб. Беше спуштен во гробот и камења му го покриваа телото. Војниците стоеја на влезот на неговото село. Дури и болката и осаменоста беа нетолерантни за армијата, кои ги наместија своите војници и оружје да ги тушираат нажалените со солзавци како што се движеа по селската земја следејќи го погребот. Додека војникот кој го уби Мустафа е на слобода, шест од демонстрантите се зад решетки.
Мустафа, ние одиме позади твоето тело со нашите глави наведнати и очи полни солзи. Ние те носиме во срце, бидејќи умре за фрлање на камења а ние не.
Превземено од: https://anarhija.macedonianforum.net/h44-page