Странски инвестиции – концентрациони логори во Македонија и Балканот

Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.

Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.

Угаснете и светлини!

Мрак да биде – каракамен

(Коста Солев Рацин)

Империјализмот во балканските држави има квалитативно својство на странски инвестиции и воедно тој е највисокиот облик на капитализмот – оној, најперверзниот кој се појавува како спасител.

Странските инвестиции во Македонија се толку естетски наџиџани од шминкерајот на правниот позитивизам и парламентарната аристократија што тие самоотуѓувањето и самоуништувањето на работниците го сервираат како врвно етичко задоволство на заедницата.

Во екот на „политичкава криза“ во Македонија сведоци сме на случаи на мртви (!) работници на работно место и тоа скоро да не предизвика никаков ефект во заедницата, а камоли пак ефект на „бомба“ со кои опозицијата се расфрла во последно време. Капитализмот одамна излезе од фазата каде тој беше само како апстрактен кривец за распад на заедницата, застрашувачките последици на капитализмот и западниот империјализам се емпириски факт. А сепак тоа е најмалку оспоруваната (скоро воопшто неопсорувана) причина на опозицијата обидувајки се да го собори овој режим. КАПИТАЛИЗМОТ НА БАЛКАНОТ Е НЕПРИКОСНОВЕН!

Тоа што ДСП – Ленка изминатиов скор период го добива како инфомрации и го испитува се граничи со лудило. Имено, менаџментот на логорот, сите кабли вклучени во процесот на прозводство ги премачкувал со отров заради нивна заштита од гризење од стаорци! Испарувањето од отровните пареи предизвикувало сериозни нарушувања во секојдневните работни процеси на работниците поради што истите се јавувале на лекар. Ленка во консултација со локален докторот (кој патем сака да остане анонимен) дознава дека многу работници од ДРЕКСЛЕМАЕР (негови пациенти) се жалат на сериозна симптоматологија и на лошење додека работат во логорот. Во концентрациониот логор ДРЕКСЕЛМАЕР условите за работа се неподносливи, се јавува силна миризба и загушливост во погоните, а поголем дел од вработените имаат сериозни и загрижувачки проблеми со дишење, тахикардија и зголемен крвен притисок. Голем број од нив веќе имаат побарано лекарска помош и советодавна помош од нас.

Неодамна во една иста ваква логор установа „Кромберг и Шуберт“ (Фабриката за автомобилски кабли) осуммина вработени завршија во Инфективното одделение при Клиничката болница. Биле примени и третирани во заразно со симптоми на труење со храна, а уште педесетина нивни колеги имале слични тегоби кои ги пријавиле во менаџментот на фабриката, а ги лечеле и во Службата за итна медицинска помош или дома!

Реџеп Исмаил – Хактан

Капитализмот преку земјите во транзиција го надмина својот досега највисок стадиум насловен како империјализам. Тој премина во една фаза која би ја нарекле УЛТРА империјализам каде тој ги надминува своите внатрешно-империјалистичките антагонизми и целосно ги поробува земјите од третиот свет. Оваа епоха на капиталзимот е епоха која структурно е многу повеќе насилна, полна со болка, уништување и судири, епоха која за населението не се јавува како „ужас без крај“ туку како „ужасен крај“.

За овие простори реал-социјализмот беше историско искуство кое значеше прескокнување на бруталноста на индустријализацијата, тој социјализам беше заслужен за концептот на модернизирање на општеството без жртви какви што своеверемено, при својата индустријализација, дадоа западните земји. Но по се изгледа дека тој процес сега отпочнува со (контра)револуцијата на странските инвестиции. Тие исто како и индустриската револуција немаат за цел подобрување на работата и животот во заедницата туку смалување на цената на стоката и зголемување на производството на вишок на вредност.

Условите со кои се карактеризираат производинте процеси во овие производствени логори финансирани од странство се пренесуваат и на секојдневниот живот на работниците, така да тоа станува еден магичен круг кој веќе не го уништува само достоинството и слободата на работникот и општеството, туку посегнува и по животите и здравјето на работниците!

На крај сепак ни` останува да се надеваме дека безизлезот на империјализмот означува војна, но на ред ја поставува и револуцијата.

Има, има – в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.

Болка боли – болка гори
болка тече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети

Хактан Исмаил

Последно