На денешен ден во 1999 година, пред Пентагон се одржа голем протест против НАТО бомбардирањето на Југославија

0
41

Новинарката и поранешна членка на Црните Пантери, Моника Мурхед, објави: „Браќа и сестри, овде не се работи за сценариото што го подметнуваат, туку за воената и економска окупација на Југославија, а владата на Југославија е принудена да се повлече и прифати овој договор поради срамната руска капитулација пред американскиот империјализам. САД и нивните сојузници ги користат Албанците на Косово како изговор за да ја прошират својата доминација над Истокот, а на Балканот, меѓу другото, им треба и да го контролираат протокот на касписката нафта. Вистинските криминалци во светот денес се Пентагон и ЦИА и додека ја бомбардираат Југославија, истовремено ги угнетуваат црнците, Латиноамериканците и Индијанците овде. Тие што се непријатели на југословенскиот народ се и наши непријатели. Народите на Југославија, Ирак, Хаити… не можат сами. Неопходно е силно светско движење и затоа мора да се поврземе и обединиме во борбата против империјализмот“.

Свештеникот Лусиус Вокер додаде дека американското воено присуство на Балканот е неопходно бидејќи САД се плашат од обновување на социјализмот, по што ќе останат без евтини ресурси и работна сила. „Ние кои протестираме против американската влада сме миротворци, а не владата, не НАТО“, рече Вокер.

Претставникот на „Муслиманите за мир“, Клејтон Рами, ја изрази својата солидарност со народот на Југославија и им порача на толпата да не дозволува нивните деца да се пријават во војска, за да не учествуваат во злосторствата на САД.

Памела Африка, претставник на организацијата „Милиони за Мумиа Абу Џамал“, рече: „Овие кучкини синови ги бомбардираа нашите активисти во 1985 година и убија 9 црни мажи и жени, бидејќи тие се бореле за истото што ни го кажуваат како причини за нивна интервенција преку. Зборувам за кучкиниот син Бил Клинтон и Медлин Олбрајт – будалите кои мислат дека ќе ги регрутираат нашите деца. Ви велам, нема да добијат никого од Филаделфија.