Делегација од ЛО Левица – Кратово му оддаде почит на Митко Николов Пенџуклиски во чест на денот на неговото раѓање.
Митко Пенџуклиски е македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Роден е на 17 февруари 1915 година во Кратово.
Капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година, ја дочекал како војник, кој бил заробен крај Цер и извесно време бил заробеник во Германија.
По враќањето од заробеништво, стапил на работа во Свети Николе, но поради неговата комунистичка активност, бугарскиот окупатор го интернирал во Сливен – Бугарија.
По враќањето од интернација, работел во Куманово, а потоа ѝ во Скопје, каде имал широки можности за делување. Посебна преокупација му било да ги шири марксистичките идеи меѓу младината.
На 22 април 1944 година се вклучил во Агитпроп на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. На 17 јули 1944 година, кога штабот се наоѓал во близината на селото Сурлица-Врањско, загинал од непријателска авионска бомба.
Вечна му слава! – Се вели во соопштението на ЛО Кратово при политичката партија Левица