Трибина на Левица: Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби

Во прилог го пренесуваме целосниот текст на настанот организиран од политичката партија Левица

Почитувани,

Ве покануваме на трибината „Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби”, која ќе се одржи на 10 јуни (сабота), со почеток од 17 часот, во хотел „Јуник” во Охрид.

 Политичката корупција, градежната експанзија и отсуството на одржлива визија за развој се сериозна закана по опстанокот на нашиот единствен град, под заштита на Унеско. За алтернативни решенија за заштита и развој на нашиот туристички бисер, како и заштитата на непроценливото културно и природно наследство ќе говорат:

1. Проф. д-р Трајче ТАЛЕВСКИ – претседател на Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид и член на иницијативата „Охрид СОС”.

2. Проф. д-р Панче ВЕЛКОВ – визитинг-професор по стандарди за заштита на културното наследство при Академијата на Институтот за ликовни уметности од Чикаго. Тој е основач на невладината организација „Македонида“, чија цел е промоција и заштита на културното наследство.

3. М-р Андреа ЈАНКОВ – магистер инженер архитект и претседател на организацијата „Го сакам Водно”.

 Сите заинтересирани граѓани се добредојдени да ја проследат и да учествуваат во дискусијата.

Пристап до настанот: https://www.facebook.com/events/824857728508189/?ref=newsfeed

Последно