Дали Св. Николе ќе добие опасен отпад?

Деновиве Локалниот огранок на општина Св. Николе при политичката партија Левица како и советникот во општина Св. Николе од редовите на Левица произнесоа шокантни информации дека во општината се спрема отварање на депонија со опасен отпад.

Фејзбук статус на Александар Симонов

Според информациите кои неформално успеав да ги добијам, а како Советник во оваа Општина должен сум да ги пренесам на граѓаните, е дека по одземањето на ингеренциите на Општина Свети Николе, во МЖСПП е подготвен СТАТУТ – на Јавно претпријатие ,,Регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК”, кој треба да биде донесен на конститутивен состанок. Во член 10 од овој статут каде се утврдуваат дејностите на ова јавно претпријатие е предвидено:


СОБИРАЊЕ НА ОПАСЕН ОТПАД;
ОБРАБОТКА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПАСЕН ОТПАД;


Прашањето е зошто јавноста во Свети Николе, а и пошироката јавност не е известена за овие одредби? Дали овој „конститутивен состанок“ ќе биде пренесен и достапен за јавноста? (Доколку е проследена информација до медиумите зошто не се известува за ова?) – И најважното дали со донесувањето на овој статут, ОПАСЕН ОТПАД може да заврши во Свети Николе?

Исто така своја реакција имаше и ЛО Св. Николе

Во Министерството за животна средина, зад затворени врати, без присуство на медиуми и целосна исклученост на јавност, одржан е конститутивниот состанок за формирање на Управен одбор на заедничкото (регионално) Јавно претпријатие „Еко Исток – Североисток“, каде е донесена одлуката за предлог-статут на претпријатието која ќе биде доставено до Советите.


Како што претходно известивме, во предлог-статутот на претпријатието (член 10) како ДЕЈНОСТ на претпријатието е наведено Собирање на ОПАСЕН ОТПАД и ОБРАБОТКА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПАСЕН ОТПАД!


Освен ова, во предлог статутот се предвидува и можност податоците кои можат да нанесат штета на деловните интереси на претпријатието да бидат прогласувани за деловна тајна.


Важно е да се нагласи и политичкиот момент, дека претставниците во Одборот избрани од општините чија локална власт припаѓа на СДСМ, ДПМНЕ како и од движењето на Максим Димитриевски, колективно и едногласно ја донесоа оваа одлука!
Повторно го искажуваме граѓанскиот револт во Свети Николе против продолжувањето на процесите за градење на регионална депонија, каде над 95% од месното население е против одлуките донесени од страна на претходните власти, како на централно така и на локално ниво.


Апелираме до Централната власт и МЖСПП да ја преиспита оваа анти-народна одлука околу локацијата за градење на регионална депонија! – Како и до Локалната власт за преземање на нови активности против изградбата на оваа депонија и во интерес на Граѓаните!

Последно