Фејзбук статус на проф. д-р Билјана Ванковска
Слушам емисија во која се дискутира интервјуто на Апасиев. Настрана анимозитетот од овие “пристојни и добро воспитани” новинари, туку вџашува жестокоста со која го бранат статус квото, Курто и Мурто (со навивање за Курто, пардон Мурто – извинете, исти ми се па ги мешам). Тие со живот би ги бранеле договорите кои ни се воденични камени околу вратот! Демек, што ќе речат Грците, сојузниците, НАТО, МАТО… Прави македончиња (намерно со мала буква)!
Заклучок: си клекнале на брашно и барат замена, а не промена. Тоа ќе биде доминантниот фон кој ќе го слушаме во наредните месеци. Ќе се држат до “стабилноста”, “до Северна”, до Охридски … и Бугари ќе станеме ако треба. Само ХМ да победи!