Партизанска Левица: Од чукање по гла на работничкиот Народ

Пишува: Билјана Шаторова

Не ги сакам СДСМ. Не ги сакам ДПМНЕ. Во најцрниот период од животот кој ми беше како погреб без мртовец ми го оставија женското дете на ЦЕДИЛО. Молчеа за ќотекот врз моето женско дете. А, тепањето со рачка од џогер на четиригодишно девојче можеше да заврши фатално. Ќерка ми е ваш Граѓанин! Не е од Уганда! Ама не вие молчевте, за да не ги изгубите Европските фондови. Ве заболе за едно македонско дете. Молчевте за да не ви стави вето некоја си земја. Бидејќи ќе секни парата. Молчевте!! Секаде каде што се обратив молчевте! На сите претставки ми удривте игнор! Молчевте кога предупредував на бугаризација. Молчевте кога водев војна со две МНР! Со две ЦСР! Многумина пробавте да ме купите. Молчевте кога ме судеа! 7 рочишта!

Молчевте кога добивав закани од Бугари за обезглавување на моето дете. Молчевте за лажно вештачење врз дете. Го напикавте предметот по фиоки. Ја пропуштивте Марија сега веќе Шаторова да избега и покрај кривична пријава за насилство врз дете. Молчевте за исказот на ќерка ми. Молчевте за цртежот на ќерка ми каде го нацрта насилникот. Мајка и дете оставивте на цедило. Ударот врз културната цвеќара не беше како што претставивте ” брачни недоразбирања” Беше државен удар! Многу добро знаете! Се вршеше насилна БУГАРИЗАЦИЈА врз дете! И Држава која не е на мајка ви и татко ви! Не беше случајно одбран тој датум за удар! Тоа беше предвесник за тоа што следи потоа. Но, некако не ви фати окото да ме напикате таму кај шо решивте. Зошто? м? Оти ќе гибните во осило. Ни едните ни другите не се грижите за:

1.Самохраните родители

2. За децата

3. За бранителите

4. За патните трошоци на полицијата ( ни еден ден не е платен патен трошок на полицајци кои патуваат!) Порано ко имаше држава имаше станбени објекти за полицијата, оти без полиција нема држава. Прво тој орган го метастазирате. За отворањето на клубот фашистички ме правевте будала кога предупредував од 2020!

Никој не изреагира од вас двете партии кога детето ми беше однесено во Ванчо Михајлов без мое знаење и одобрение и фотографирано пред клуБот! Ниедна организација за деца не изреагира, само фондовите да се полнат. Тоа што му се случуваше на моето беше равно на ваташките деца! Да да, погреб без мртовец! Малку фалеше! Знаете што му покажавте со мојот случај на идните генерации? ДЕКА МОЖЕШ ДА ТЕПАШ ДЕТЕ, а ако не те фатат можеш и да го убиеш и пак ако си со политички грб можеш да поминиш неказнето и да правиш лажно вештачење. И замислете тие структури како Елена, Андријана, Јованчо, сеуште работат во институции! Ни ден казна, ни денар казна. Во мојата земја. Каде сум била добар граѓанин, каде ѓубрето го фрлам во канта, каде чекам ред на шалтер, каде плаќам данок, каде плаќам сметки, каде работам без ниедна дамка, каде дадов пород на оваа земја, каде мојата фамилија даде глава за оваа земја! Искрено ќе ви кажам зошто се формира Партизанска, работничка партија Левица .

ОД ЧУКАЊЕ ПО ГЛА НА РАБОТНИЧКИОТ НАРОД! И СКОЈ Во 40те години беше формирана од ДОЈДЕНО ПРЕКУ НОС! Од силовање, убиства, тепање жени деца.. за двајца лудаци во костуми. Знаете зошто ве поробуваат? Бидејќи од својот џеб крадете! Бидејќи гледаат дека не ви гајле за народот! Посетувате дилер кој јаде ќотек поради долг, ама сте ставиле перде за една ЈАНА на очи. Е од вакви работи ќе се множиме. И ќе ве победиме. Иначе јас сакав да си живеам мирен живот. Ама, генот не ми дава да ми се сери некој на гла. Без гајле НИКОГАШ НЕМА ДА ПРИФАТАМ ДРЖАВНА РАБОТА. Од позиција на Народ направив многу кога не можеш да ме поткупиш не ми можеш ништо. Океј, можеш да ме отепаш нормално и секој момент очекувам ама секогаш ќе мораш да ме спомнуваш на историски настани, како сите убиени херои заради кои желудочната маса ви се превртува кога мора да им дадете почит на настани.

Е заради тие херои, се раѓаат нови. Вие си го одбравте местото во историјата. Во лекцијата предавници. И ви е лошо, прелошо ви е. Да можите ќе извршите масакр на секој кој не ве поддржува. И моја роднина со дијабетес, со терапија за срце ја сменавте од работно место точно кога дојдовте на власт, таа е тивка и мирна и послушна и чесна, ама јас не сум . Мислам стварно ми дојде не преку нос, туку преку последниот бушав прамен на глава шо ми стрчи. И не ве мразам, ве сожалувам, но вие не заслужувате ни едните ни другите да водите народ. Јас нејќам пари и државна работа, јас сакам многу појќе. Нема да го продадете срцето на Балканот МАКЕДОНИЈА. Дома не ви се средени основните административни работи. Кој си ти да ни менваш име вековно, па уште ние да плаќаме документи, а ти да се возиш на трицикл кој троши 30 насто?!

Сами не баравте Партизаните.

Како беше она: ЌЕ ЈАДЕМЕ ЖИВИ ЛУЃЕ, бреј канибализам .

Предавниците и фашистите, секогаш губеле. И овој пат. И нареден и по 200 години.

P.s затоа се политичките партии за кога граѓанинот има проблем граѓански и институционален да се обрати. Една мисла на еден Левичар: сите сме ВМРО, ама не дпмне.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid032N45HWftTZqiLLUpdz8qZ7sXsdFvAkQBEsCzyRFCHaemakVDCY5nDamE3ZxyHFral&id=100042032358593
Последно