Пишува: Никола Петров – координатор на сектор земјоделие и член на централниот комитет при политичката партија Левица
Во 80 тите години на 20 век, доаѓа до замена на кензијанскиот економски концепт со нов неолиберален економски концепт. Тој почнува од САД, одкаде што преминува и во други држави во светот, најпрво преку државни удари во Латинска Америка, спроведени од ЦИА( Според американската доктрина: како другите земји во светот ќе ја следат САД, доколку таа најпрво неможе да го заузда својот помал брат). Во тие земји се инсталираат на власт диктатори по желба на големиот брат од северот. Значи преку Роналд Реган и Маргарет Тачер почнува добата на ширење на неолиберализмот насекаде низ светот. Овој правец има за главни цели целосна приватизација вклучително и на природните ресурси, дерегулација на економските активности, либерализација на меѓународните економски текови и систематско намалување на влијанието на државата во економските активности. Суштината на неолибералниот економски модел е пазарна слобода на секој поединец, заснован на приватна сопственост и светска експанзија на капиталот. Во САД ќе одекне и максимата за правото на земјата да користи и воена интервенција за зголемување на сопствената економска и пазарна доминација.
Неолибералната политика се заснова на шест главни темели:
• Дерегулација – намалување на работните прописи заради постигнување на подобра бизнис клима и лесен проток на капиталот,
• Либерализација – отварање на границите, укинување на заштитните мерки за домашните производи т.е. царините,
• Приватизација – претварање на општествениот и државниот капитал во приватен, според начелото дека приватната сопственост секогаш е подобра и поуспешна од општествената,
• Намалување на јавната потрошувачка и социјалната сигурност – намалени финансирања во здравството, образованието, почнување на наплата на некои услуги кои претходно биле бесплатни, партиципации на факултетите и здравството, плаќање на паркинзи итн,
• Намалување на работничките права заради полесно стварање на профити – притисоци врз синдикатите или нивна забрана,
• Поголема флексибилност на работничката класа – што значи полесно отпуштање на работници, работа прекувремено и за празници, забрани за боледување, намалување на деновите за годишни одмори идр.
Во 1990 год, формулирана е програма за економска стабилизација, позната како Вашингтонски консензус кој го претставува моделот за спроведување на неолибералните реформи. Првата фаза е интересот на сопствениците, јакнењето и заштитата на економските позиции и намалувањето на државните функции. Средството за ширење на неолиберализмот стана глобализацијата, која имаше за задача да ги трансформира локалните и регионалните феномени во глобални, а во исто време да ги спроведе интересите на најмоќните светски држави. Хармонизација на културните, религиските, традиционланите и другите разлики, (според Radonjic,2005), односно имаа за цел стварање на Нов Светски Поредок.
Либерализацијата на пазарот на капитал доведува до слободен влез на странски капитал и преземање на домашниот финансиски сектор и народната банка од странските приватни финансиски корпорации, заедно со заштедите на домашното население, после што доаѓа до забрзано кредитирање за домашната побарувачка за увозните производи од другите земји со странски финансиски капитал.
Пристап до следниот дел: https://lenka.mk/columns/neuspeshnosta-na-neoliberalniot-ekonomski-model-vo-svetot-so-osvrt-na-makedoniјa-vtor-del/