Личната наспроти приватната сопственост во новото социјалистичко општество

Пишува: Никола Петров, член на Централниот Комитет при политичката партија Левица

Спрема научниот социјализам во приватната сопственост не влегуваат облеката, велосипедот, автомобилот кој го возиме, куќата во која што живееме и така натаму.

Тие работи се нарекуваат лична сопственост и во социјализмот и во комунизмот тие продолжуваат да им припаѓаат на работниците на ист начин како и сега.

Кога марксистите зборуваат за приватна сопственост во капитализмот, тоа се однесува на алатките за производство што треба да ги поседува целото општество, како што се фабриките, земјиштата, трговските маркети, рудниците и сите оние нешта што се дарови на природата или се изградени од многу луѓе во многу векови, но сега се монополизирани од неколкумина.

Овие неколку луѓе (буржоазија, тајкуни, олигархија, ново феудалци…), не се грижат за тоа колку години човечки труд се вложени во нивното создавање, само доколку тие сами можат да жнеат профит од законската сопственост на тој имот.

Во социјализмот ќе се зголемува личната сопственост повеќекратно, преку укинување на приватната сопственост. Зголемувањето на личната сопственост ќе доведе до благосостојба на поединците, а преку зголемување на благосостојбата на поединците до благосостојба на целиот колектив.

Непријателите на комунизмот велат дека комунистите сакаат да ги одземат малите земјоделски или сточарски фарми од жените и мажите кои години напорно работеле за да ги одржат, и да ги спречат малите бакалници, трговци, кројачи, столари, и други занаетчии да си заработуваат за самостоен живот.

Но како што знаеме, капитализмот веќе ги исфрли од игра повеќето од овие мали семејни бизниси и направи наемни работници од нив, уништувајќи ги нивните соништа за независен просперитет.

Големите трговци рутински ги збришаа малите трговци на мало. Џиновските конгломерати за агробизнис ги косат мали фармери и индивидуални земјоделци секоја недела. Синџирите на супермаркети ги избришаа маалските бакалници. Неколкуте мали бизниси кои останаа, живеат несигурно на работ на бездната, при што цели семејства понекогаш работат долги часови само да го издржат притисокот од големите.

Приватната сопственост во средствата за производство е во сопственост на многу мал дел од населението во капиталистичките земји, но таа е произведена од генерации работни луѓе – од огромното мнозинство кои, низ вековите, научиле да ја обработуваат почвата, да ја ископуваат руди, па направиле згради, објекти, фабрики, изградиле инфраструктура и друго.

Во борбата за обезбедување на лична сопственост за потребите и удобностите на животот – работничката класа ќе мора неопходно да ја собори институцијата на приватна сопственост и да ги стави сите средства за производство под контрола на работничката влада.

Сега, кога меѓународната капиталистичка класа е во огромна економска и финансиска криза, се повеќе работници и угнетени луѓе велат „доста е“. Во светот се случуваат бунтови, од индустриски центри до поранешни колонии.

Личниот имот – домови, храна, техника и технологија, велосипеди, книги и илјадници ситници кои го подигаат здравјето и културното ниво на еден народ – ќе се зголемуваат од година во година под социјализмот, но никој лично нема да поседува и биде сопственик на стотици хектари земја, на фабрики, болници или банки.

Целта на новото социјалистичко општество е благосостојба на народот. Зголемувањето на личната сопственост на секој поединец, е предуслов за благосостојба на целото општество.

Последно