„ДОСИЕ СОРОС“ БИОГРАФИЈА НА ПАРАЗИТИЗМОТ

Низ истражувањето на Скот Томпсон и Елизабет Хеленбројх од еминентниот Магазин ЕИР ние го отвораме „Досието Сорос“. Ги молиме читателите сами нека увидат кој стои зад розевата приказна за самопрогласениот голем филантроп, финансиер и добротвор. Приказната е долга и сложена, бидејќи Сорос е само видливото лице на една широка мрежа на приватните финансиски интереси… 1

Детството и младоста

Господинот Џорџ Сорос е роден во Будимпешта (Унгарија) во 1930-та година. Неговиот татко бил познат адвокат кој ја создал базата на подоцнежен ограбувачки поход на Сорос во економиите на земјите од Источна Европа. Во едно интервју Сорос вели: „Сѐ започна во 1944, кога Унгарија беше окупирана од Германците. Мене како на Евреин животот ми беше во опасност… Кога дојдоа Германците, татко ми рече: – Oва е бесправна окупација! Не се применуваат нормалните правила. Треба да заборавиш како се однесува едно нормално општество. Ова е абнормална ситуација“. Тогаш таткото на Сорос успеал на сите да им обезбеди фалсификувани документи, а Џорџ Сорос за периодот потоа вели: „Бев посвоен од висок службеник во Министерството за земјоделство на кое работа му беше да одзема еврејски имоти. Јас бев со него и така всушност тие големи имоти станаа наш посед. Тоа ми стана идентитет. Тоа беше чуден, многу чуден живот. Имав 14 години во тоа време“.

Во 1947 година, Џорџ Сорос емигрира во Англија. Во Лондон станува штитеник на сер Карл Попер – радикален позитивист, професор на Лондонската школа за економија. За овој период Сорос запишал: „Во тоа време јас бев преокупиран со разликите помеѓу затворениот систем од кој сакав да избегам и отворениот систем [мисли на англискиот] во кој одбрав да живеам. Бев под големо влијание на философијата на Карл Попер и на теориите за слободниот пазар на Фридрих Фон Хајек. Завршив две години од студиите, ме чекаше и третата за да дипломирам. Во 1952 и 1953 имав можност да му доставам некои од моите есеи на Попер и продолжив да ги развивам моите идеи работејќи прво во Лондон, а потоа и во Њујорк. На крајот, се откажав од мојата филозофија и се посветив на правењето пари“.

Во 1956-та Сорос заминува од Англија за Соединетите Американски Држави. Таму ја продолжува започнатата кариера во меѓународната арбитража како претставник на трговската фирма Сингер&Фридландер. Во С.А.Д., тој прво работеше во Ф.М.Маер&Ко. и за Вертејм&Ко. Живееше во скромен стан на Гринич Вилиџ. Откако потроши три години пишувајќи ‘филозофска книга’, таа на крајот се претвори во „Алхемија на финансиите“. Потоа Сорос, заедно со Џим Роџерс стана портфолио-менаџер на Арнолд&С Блејхројдер Инк – фирма стара колку и банкарската група на Ротшилд. Фондот „Блејхројдер“ со кој управуваа Сорос и Роџерс располагаше со многу ‘стари пари’ во кои беа и директните инвестиции од британската гранка на Ротшилд – но, и покрај тоа, целата сума беше само 40-тина милиони долари.

Во 1969, Сорос и Роџер заедно со инвеститорите на 12 милиони долари од Фондот, го напуштаат Блејхојдер, за да го оформат Квантум фондот заснован на профит ослободен од даноци во зоната на Холандските Антили. Блејхројдер сепак стана еден од главните брокери на Квантум фондот кој денес достигнува вредност од над 5,5 милијарди долари. Меѓу основачите на „Квантум“ е и финасиерот Џорџ Карлвајс поврзан со матните зделки на Роберт Веско – познат бегалец од правдата на САД. Еден од бизнис партнерите на Квантум е и лорд Џекоб Ротшилд – кој беше еден од осомничените во истрагата околу убиството на шведскиот левичарски премиер Улоф Палме. Неговиот партнер Џим Роџерс си замина од фирмата кога Сорос почна да го изигрува законот за да „направи“ некој долар повеќе.

Во 1979, првото обвинение за нелегални активности излегува на површината. Комисијата за хартии од вредност (Securities Exchange Commission) го обвини Сорос за манипулации со акциите на компанијата Cоmputer Science. Сорос потпиша изјава со која ниту потврдува, ниту негира дека е виновен. Компанијата Cоmputer Science покрена и граѓанска тужба која Сорос ја реши надвор од судот исплаќајќи милионски суми на оваа компанија. Истата година Сорос ја отвора и првата од бројните испостави на Фондацијата „Отворено општество“ (Оpen Society Foundation).

Во 1981, поради пријава од Комисијата за безбедност, Сорос западна во големи загуби при тргувањето со берзански акции. Вредноста на „Квантум“ опадна за 23%. На европските инвеститори кои сакаа да излезат од „Квантум“ Сорос им се закани со уште поголеми загуби.

Сорос на „нишан“

Во 1992 против Сорос беа покренати две официјални истраги од државните обвинители на Рим и Неапол, поради неговата инволвираност во шпекулативниот атак врз италијанската лира, англиската фунта и другите европски валути. Лирата доживеа разорувачка девалвација од 30% и ги пресуши резервите на Италијанската Централна Банка која се обиде да ја одбрани лирата со 48 милијарди долари, но попусто. Сорос заработи 282 милиони долари од девалвацијата на лирата, а по една недела и уште две милијарди долари од девалвацијата на британската фунта. Кризата водеше кон распад на европскиот монетарен систем…

Во 1993 претседателот на House Banking Committee, американскиот конгресмен Хенри Гонзалес, побара од Федералните резерви на САД (заб. слично како нашата Народна банка на РМ со таа разлика што Федералните резерви се приватна фирма) и од Комисијата за безбедносна размена да поведат истрага против Сорос поради неговата инволвираност во финансиски шпекулации со финансиски деривати.

Во октомври 1995, во Италија, претседателот на Меѓународното движење за граѓански права – Паоло Реимонди до државните обвинители во Рим, Неапол, Милано и Фиренца испрати легална нота во која се документира директната криминална вмешаност на Сорос во нападот врз италијанската лира. Во нотата е наведено дека постои поврзаност помеѓу провоцираната девалвација и тајната средба одржана во јуни 1992 на јахтата која е британска сопственост на кралицата Елизабета II. На тајната средба, во присуство на самата Кралица, водечките англо-холандски банкарски и корпорациски претставници се сретнале со нивните италијански колеги за да договорат тотална приватизација на италијанските компании чиј сопственик била државата, за да бидат купени буквално за „без пари“! Истата година, Сорос и директорот на неговиот фонд – Стенли Дракенмилер извршиле притисок насочен кон предизвикување упад и затајување на контролата врз Трезорот на САД, со решеност да го принудат претседателот Бил Клинтон (заб. од Демократската партија) да го прифати седумгодишниот ребаланс на Буџетот, предложен од Републиканците. Сорос и Дракенмилер тврделе дека тоа нема да предизвика хаос на глобалниот пазар, а подоцна е потврдено дека Сорос и неговиот ортак се стекнале со големо количество на акции, хартии од вредност и злато. Всушност, тие веќе биле подготвени да направат максимум профит од хаосот што би произлегол од упадот во трезорското работење. Ваквите дејства, според законот, претставуваат нарушувања на трговското работење и бесправна манипулација со пазарот, а на Сорос и Дракенмилер тоа не им беше прв обид, ниту прво обвинение за такви дејства.

Две години пред тоа, конгресменот Гонзалес, во својот говор ги замоли челниците на Федералните резерви и на другите централни банки целосно да ги проучат начините на кои Сорос манипулира со курсните разлики на меѓународниот менувачки пазар – кои и самите се во натпревар со него во обид да манипулираат со вредностите на различните валути. Потсетувајќи на Соросовата милијарда од манипулациите со британската фунта, конгресменот Гонзалес јавно запрашал: „Колкав дел од капиталот на Сорос е од заеми од американските банки и колкава е улогата на манипулациите со дериватите во богатството со кое Сорос урива национални валути“?

 Сорос на истокот

Сорос не е само еден од водечките светски мегашпекулатори, тој е и „грешно зачнатото момче“ на англо-американскиот монетарен естаблишмент. Неговото посебно задолжение е да презема ограбувачки операции против нациите од Источна Европа, како и да организира напади врз нивниот суверенитет. Сорос не е Робин Худ! Дел од двете милијарди од девалвацијата на фунтата и лирата тој го потроши за да ја раширува економијата на т.н. „слободниот пазар“ на Фон Хајек со која се уништени цели држави.

Отворено општество“ е првата негова фондација создадена во 1979-та, а од 1993 е основан Институтот „Отворено општество – Њујорк“. Истата година формиран е и ИОО – Будимпешта, а во 1995 и ИОО – Москва. Во Централна и Источна Европа, во Јужна Африка и на Хаити се наоѓаат 24 испостави на ФИОО. Претседател на сите нив е Сорос, а нивна цел е: „да го помагаат развојот на отвореното општество и на слободната пазарна економија“!? Сорос во источноевропските земји се вгнезди пред падот на комунизмот, како човек кој во полза на англо-американските банкари и ММФ се обиде да ги стави во погон механизмите на економската и политичката „транзиција“. Ако говориме за Полска и Унгарија, Русија и Украина – во секоја од овие земји Сорос се залагаше во корист на радикални пазарни реформи, приватизација и монетарна дисциплина контролирана од ММФ. Највисоката „чест“ за Сорос беше можноста заедно со Џефри Сакс и Романо Проди да го критикува Планот Шатали – базиран врз „шок терапијата“ на ММФ. Кога Горбачов не го прифати понуденото од „тимот“ – тој мораше да си замине. На неговиот наследник, рускиот претседател Борис Јелцин, Сорос му понудил да формира сојуз со Горбачов, но Јелцин одбил. Во таков историски миг, Сорос испраќа писмо до владите на западните земји за „да спречи Русија да западне во хаос“!? Во писмото се вели: „Единствениот начин на кој интервенцијата може да биде ефикасна и прифатлива е таа да биде фокусирана на создавање монетарен систем кој ќе дозволи трансформација на Советскиот Сојуз во конфедерација на суверени републики и во случајот на Балтичките земји – независни држави“. Сорос сесрдно „помогнал“ сите инвестициони програми во овие земји да бидат суспендирани, а да продолжат оние со економска оправданост, како и да се намали ставката за војската за 20% во текот на првата година, убеден дека со тоа „централните власти ќе ја добијат поддршката на населението“.

Во меѓувреме, изменетиот План Шаталин стартува со Независна централна банка и со нов Систем на сојузни резерви, како и нов Меѓудржавен совет за да се осигура фискалната дисциплина. Кога подоцна „Планот Шаталин“ ќе пропадне, Сорос ќе признае дека и покрај тоа, овој обид е најважната работа во која бил вклучен во неговиот живот!?

И покрај тоа, „филантропскиот“ интерес на Сорос за советската економија и за Русија не беше ништо друго освен лакомост за суровините од овие земји. Подоцна, во Вашингтон пост, тој ќе забележи: „Со оглед на тоа што минималната плата во Русија е 6 долари месечно, десет милијарди годишно би биле доволни за целиот Советски Сојуз да биде вклучен во меѓународна мрежа на социјална заштита, која помошта ќе ја исплаќа во тврда валута на лице место. Ова би овозможило гаснење на фирмите загубари. Фабриките треба да станат неактивни, а енергијата и суровините ќе можат да се продаваат поскапо отколку нивните финални производи“.

Освен ова, Сорос предложи гаснење на целиот воено-индустриски комплекс на Советскиот Сојуз, па така суровините за ефтини пари беа продавани надвор од земјата, во замена за неколку корки леб! Иако некои од овие индустрии не биле ни ефикасно планирани, ниту пак рентабилни, на шпекулантот Сорос кој трупа милијарда-две на ден му требаше вистинска дрскост за да гасне фабрики за челик и да става катанци на економијата! Лидерите на поранешните комунистички земји кои страдаат за слобода, треба да се запрашаат: смеат ли да си ги дозволат советите и „милосрдието“ на Сорос?

Од причини кои никогаш не беа објавени, чешкиот претседател Вацлав Хавел ја отповика Повелбата на Соросовиот универзитет во неговата земја, па така на Сорос му остана само оној во Будимпешта. Во него, британскиот разузнавач и антрополог Ернест Гелнер до 1996 се грижеше за работата на Специјалниот центар за изучување на национализмот. Етничките групи и политичките лидери кои се во опозиција на Сорос, според тамошните „научни“ критериуми, се етикетирани со соросовиот термин „нади“ [како „наци“] или според нив, второ име за екстремен националист. Во сите источно-европски земји, под маската на помагање на „освестувањето“, проектот на Соросовиот институт имаше пристап до тајните досиеја на Министерствата за внатрешни работи и на службите за разузнавање што му даде огромна моќ на „Сорос на Истокот“.

Неколку од уставите во некои источно-европски земји се напишани со сесрдна поддршка на правниот отсек на неговиот Универзитет. Во Романија, владата го затвори Фондот и поведе истрага против персоналот. Во Русија, еден поранешен агент на КГБ укажа дека Сорос е вклучен во операциите на ЦИА, но една „Специјална комисија“ на руската дума бргу-бргу го заташка случајот.

Меѓународната научна фондација на Сорос во Русија, отворена во 1992 година, и според сознанијата на ЦИА и според наследникот на КГБ – ФСК, се впушти во „лов на мозоци“. Во 1993 година, Сорос им даде грантови на 26.145 научници, доволни за да преживеат додека да ги напишат резултатите од претходните истражувања платени од претходниот систем, но не и за нови фундаментални истражувања. Сорос започна 3.550 истражувачки проекти кои вклучија 15.000 научници. Повторно, сумите што беа доделени не беа доволни за фундаментални откритија.

Сорос го изигра и договорот постигнат со премиерот Черномирдин за заедничко вложување по 12 милиони долари во развојно-истражувачки проекти. Тогаш Сорос им ги „врати“ проектите кои дотогаш ги финансираше, а 1.500 од нив имаа статус на особено важни, и не додели никакви нови средства под изговор дека „немало пари“.

Слични фондови, Сорос успеа да издејствува и од владите на балтичките земји, Белорусија и Украина. Во Унгарија, зад обвиненијата против водечките парламентарци, оцрнети од Сорос и домашната „анти-клеветничка“ лига како фашисти, се затскри неговата нетрпеливост кон Унгарците, кои тврдеа дека во првата земја (освен САД) во која тој „пуштил корени“, може да се види субверзивното дејство на неговата Фондација и побараа таа да биде забранета.

Сорос „алхемичарот“

Во своето дело Алхемија на финансиитe Сорос го транспонира Поперовото начело во Теорија на рефлексивност, од чија суштина произлегува дека „перцепиите на учесниците влијаат на пазарот, но и пазарните дејства влијаат на перцепциите на учесниците. Не може да се има перфектно знаење за пазарот токму поради тоа заемно влијание. Моделите за самозајакнување се претвораат во модели на самоуништување“ – тврди Сорос, мислејќи на падот на Советскиот Сојуз и на интеграцијата и дезинтеграцијата на Европа.

Сорос, ‘матикашата на финансиите’, за древните алхемичари вели: „Алхемијата не функционира со хемиските елементи. Таа функционира со финансиските пазари, затоа што мамбо-џамбо формулите влијаат на одлуките на луѓето кои го одредуваат текот на настаните. На пример, ефикасниот пазар овозможи појава и развој на деривативни спинови, а тие можат да сторат пазарот да се распадне. Затоа инсистирам дека општествените науки, не се науки, туку алхемија“ – подвлекува Сорос.‘Алхемичарот’ уште вели: „Реагирам на настаните на пазарот, како што животните реагираат на настаните во џунглата. Затоа, можам да ги предвидам заканувачките катастрофи кои ги чувствувам како болки во грбот“.

>Мега-шпекулаторот Сорос кој шпекулира со иднината на цели нации, се „позиционира“ секогаш така за да ги преживее краховите кои ги смета како неизбежни. Во 1971 година се случи раздвојувањето на доларот од златото, во 1973 нафтената криза, од 1979 до 1982 експлозијата на меѓународните долгови, 1982 се случи и мексиканската должничка криза – па тој тврдеше дека светот влегува во фаза на дисеквилибриум. Тој ја предвиде оваа нерамнотежа, посебно во Европа, во поглавјето „Перспективи на европската дезинтеграција“, заедно со стравот од „Четвртиот Рајх“, произлезен од убедувањето дека …обединувањето на Германија води кон дезинтеграција на Европа!

>Во сето ова, највидлива беше дезинтеграцијата на Менувачкиот механизам на курсните разлики помеѓу валутите кој создаде дисеквилибриум во Европскиот монетарен систем. Според Сорос, за ова е виновна строгата монетарна политика на Бундес-банката која ја турна цела Европа во најдлабока рецесија во периодот по Втората светска војна (по 1945). Сорос, по 1989, смета дека „Германија добила што сакала, но Европа не“.

Тајната финансиска мрежа зад Сорос

Магазинот Тајм го опиша Сорос како Робин Худ на модерните времиња, кој „ограбува од богатите за да им даде на сиромашните од Источна Европа и Русија“!? Тајм тврди дека Сорос прави огромни профити, шпекулирајќи против западните централни банки, за да може да ги искористи профитите да им помогне на новите пост-комунистички економии да го изградат она што тој го нарекува „отворено општество“. Но, првата половина на тврдењето на Тајм е целосно точна, а втората целосно неточна. Тој ограбува од Западот, но потоа ги користи тие профити за да создаде база за да ограбува уште подивјачки од Истокот, под маската на „филантропијата“. Неговата цел е да ограби каде и да е и како и да е, секогаш кога тоа е можно. Сорос беше наречен мајстор манипулатор на т.н. ‘удри-бегај капитализам’.

Како што ќе видиме, она што Сорос го подразбира под „отворено“ значи отворено за него и за неговите пријатели – финансиски предатори – за да може да ги ограбува нивните национални ресурси и имоти. Со тоа што луѓето како Џефри Сакс и Швеѓанецот Андерс Аслунд и нивната „шок-терапија“ ги носи во кревките економии, Сорос создава база за да може да купува непроценливи богатства од цели региони по бесрамно ниски цени, со што обезбедува профит за себе и за неговата мафија од финансиски пријатели. Интригата на Сорос почнува со тоа што тој купува добра или акции на локалниот пазар, предводејќи ги другите кои веруваат дека тој знае нешто што тие не го знаат. Помалите наивни инвеститори почнуваат да купуваат исто што и тој, па цената расте до драматични размери. Тогаш Сорос почнува да продава на желните нови купувачи. Откако ќе го претвори сопствениот профит во пари, тој излегува од пазарот, а често и од земјата во која го сторил тоа во потрага по нова ‘мета’ за неговите шпекулации. Оваа техника е означена со терминот „удри и бегај“. Тоа што Сорос го остава зад себе е колабиран локален пазар и руинирани национални инвеститори.

Сорос е видливото лице на една широка и опасна мрежа на приватните финансиски интереси, контролирани од водечките кралски фамилии на Европа, со центар во британската куќа во Виндзор. Тајната приватна мрежа за нејзините членови е позната и под името „Клуб на островите”. Таа повеќе сака да ги сочува своите капиталистички интереси, отколку да ја употреби директната сила на државите за постигнување на клучните геополитички цели. Според познатите извори, Сорос е член на т.н. „Дворски Евреи”- мрежа која датира од Средниот век и која била и е раководена од моќните стари аристократски фамилии. За да ја избегне финансиската контрола, тој се погрижи никој од неговите 99 инвеститори во Квантум фондот да не биде државјанин на САД, а тој самиот не е ниту во Управниот одбор на Фондот, туку е само советник за инвестиции. Секој финансиски инспектор може да најде докази за криминал како перење пари, одбегнување на плаќање на даноци, или можеби и двете, но не може да го повика на одговорност „советникот“. Фактички, Сорос е член на збиена и цврсто ткаена мрежа на финансиска мафија, како затворено, масонско братство на поврзани фамилии кои работат на остварување на иста цел. Секој што го критикува него, или неговите придружници, е погоден од обвинението за „антисемитизам“ кое често ги замолчува компетентните критичари на бескрупулозните операции на Сорос.

Според американските и европските инспектори Сорос е дел од кругот кој ги вклучува швајцарецот Марк Рих – шпекулатор со метали, Шаул Ајзенберг – дилер на тајни арсенали на оружје и други стоки од Израел, и „валканиот Рафи“ Ејтан – и двајцата поврзани со финансиските операции на Мосад (заб. тајната израелска служба), како и со фамилијата на Лорд Џекоб Ротшилд. Еден од луѓето на Ротшилд, Ричард Кац е член на Бордот на директори на Квантум фондот, а истовремено е член на Бордот на лондонската и Миланската банка на Ротшилд. Други двајца што имаат добри врски и позиции со Сорос и Ротшилд се Нилс О Таубе и Лорд Вилијам Рис Мог – и двајцата членови на Ротшилдовата лондонската инвестициона група St. James Place Capital. Еден од партнерите на Сорос е и англо-францускиот спекулатор Сер Џејмс Голдсмит – братучед на Ротшилдови и еден од главните идеолози на лажното антиглобалистичко движење“, кое има за цел да го компромитира токму автентичниот антиглобализам. Фактички, од денот кога Сорос го создаде својот инвестициски фонд во 1969, тој го должи својот финансиски успех на Ротшилдовата мрежа на банки, која е средиште на финансискиот апарат на Клубот на островите.

Во 60-те Сорос работеше во Њујорк, во малата приватна банка блиска на Ротшилдови – банката Арнолд&Блејхројдер која ги претставуваше интересите на Ротшилд во Германија во времето на канцеларот Ото фон Бизмарк. Сè до денес, оваа банка останува главен спонзор на Соросовиот Квантум фонд, заедно со Сити Банк. Третиот значаен инвеститор во Квантум е Џорџ Карлвајс од Ротшилдовата Банка Привата од Лугано и на банката од Цирих, кој му овоможи на Сорос дел од виталниот капитал и инвеститори за неговиот Квантум фонд. Уште еден член на Бордот на Квантум е и Едгар де Пикиото – директор на контроверзната швајцарска Union Banque Privee, вклучена во скандалозни операции на перење пари од дрога и други нелегални извори. Во ноември 1994, истрагата на федералните агенти на САД укажа на поврзаноста на оваа банка во ланецот за перење пари од колумбиските и турските нарко-босови. Близок до Пикиото е мистериозниот дилер на оружје Хелмут Раисер поврзан со рускиот организиран криминал и со неговиот предводник Григори Лотчански од Нордекс-групата. На листата на бордот на Соросовиот Квантум е и еден познат извршител на тајни операции за перење пари од италијанската и хероинската мафија Алберто Фоља – шеф на швајцарската Banca del Ceresio во Лугано, прославена и како „чувар на тајни депозити“ за поткуп на италијански политичари кои беа откриени и осудени во италијанскиот политичко-корупциски скандал во 90-те години на XX век.

Специјални привилегии

Тајната на специјалните привилегии на Сорос на Истокот и потребата на Западот од континуирано балансирање на силите за контрола на Централна и Источна Европа беше основа на тајниот договор познат како Договор од Розадом со кој се сложиле тогашните лидери Маргарет Тачер, Михаил Горбачов и американскиот претседател Џорџ Буш – Постариот. Суштината на договорот, кој му обезбеди специјални привилегии на Сорос, е продолжување на сферите на интереси договорени на Јалта и продолжување на договорената хегемонија на британските финансиски институции во регионот. […]

1 Oвој текст е преземен од поранешниот двонеделен геополитички магазин „МАНИФЕСТ“.

Последно