По повод роденденот на венецуелскиот претседател Хуго Рафаел Чавез Фријас, движењето за социјална правда Ленка успешно организираше проекција на документарецот „Револуцијата нема да биде емитувана на телевизија“ проследена со панел дискусија.
Документарецот е режиран од страна на Ким Бартли и Донаха Обрајан како обид да се покаже една друга страна на настаните за време на државниот удар кој се случи во Венецуела во 2002 година.
Улогата на војската како и улогата на приватните медиуми беа централните теми во самиот документарец. Токму тие теми беа дополнително анализирани за време на панел дискусијата.
Гости на панелот беа Емир Шкирјељ, новинар и познавач на историјата на Јужна Америка притоа и Венецуела; Тодор Кацаров, дипломиран менаџер во областа на безбедноста, одбраната и мирот; Срѓан Ивановиќ, новинар и познавач на врските меѓу медиумите, политиката и јавното мислење.
Се дискутираше за приватизацијата на медиумите и како тоа влијае врз државните политики. Приватните медиуми стануваат под влијание на политички или економски интереси на своите сопственици. Ова доведува до пристрасно известување и манипулација на информациите, како што се случи и во Венецуела за време на државнииот удар.
Дополнително, се дискутираше за улогата на војската како заштитник на народот од крупниот капитал и неговите интереси. Во документарецот се покажа дека дел од војската го поддржа демократко избраноит претседател Чавез додека другиот дел остана на страната на бизнисмените и капиталистите.
Неуспешниот државен удар во Венецуела имал големо влијаније врз остатокот од Јужна Америка. Овој настан предизвикува црвен бран низ скоро си јужноамерикански држави. Левичарски партии и лидери стануваат популарни како никогаш дотогаш. Влијанието на тој црвен бран може да се види и денес поради тоа што тие левичарски партии и лидери се сеуште релевантни во политичкиот простор на Јужна Америка.
Венецуела после повеќе од дваесет години од државниот удар сеуште се соочува со опозиција која влече корени од пучистите во 2002 година. Причината за ова е дека, владата на Чавез, после државниот удар, завзема политика која не се базира на реваншизам врз сопствените политички опоненти. Главната поддршка на опозиционерите потекнува од крупниот капитал и САД.
„Револуцијата нема да биде емитувана на телевизија“ е документарец кој ги разбива нормите поставени од глобалните масовни медиуми и нивните спонзори. Ни ги отвара очите за понатаму како да ги следиме вестите и информациите кои стигаат до нас и секогаш да бараме детал повеќе за настаните.