Во рамките на Свесткиот Младински Фестивал, кој се одржува деновиве во Сочи, Русија, на кој претставник има и од нашата организација, ДСП-Ленка, имаше постојана изложба насловена како “НАТО – историја на лаги и измами”.
Во рамките на изложбата беа претставени голем број на експонати кои ја покажуваат директната вмешаност на воената алијанса НАТО, под водство на САД во најголемите трагедии ширум светот како и што е случај денеска во Украина.
Покрај деструктивните активности и разните воените криминали направени низ светот под изговор на “хуманитарни интервенции” од страна на НАТО под водство на САД, на изложбата сликовите се доловени и разорните последици од овие интервенции како и директната вмешаност на алијансата во конфликтот во Украина.
Изложбата поставува прашања како: зошто НАТО блокот продолжува со експанзијата на исток и зошто својата воена техника постојано ја приближува кон границите на Руската Федерација? Зошто воената алијанса НАТО отвара конфликти во Азија и Блискиот исток? Зошто, за кои вредности всушност се залага НАТО? Одговорот на сите ови прашања се дадени во самото минато на алијансата – историја лаги и превари, историја на терор, агресија и војни.
Изложбата е организирана од страна на “Центарот за јавна едукација”, со поддршка на Фондот за иницијативи од областа на културата при Претседателот на Руската Федерација, а истата е подготвена од страна на Државниот централен музеј за современа историја на Русија во соработка со Асосцијата за историски простори “Русија е мојата историја”. Додека монументалните слики и муралите се направени од страна Александар Купаљјин.