На 12-ти август ќе биде организиран уникатен настан од Црвена Младина посветени на комунистичките идеали и светските геополитички прашања. Овој настан претставува ретка можност за отворена и искрена дискусија, каде што младите ќе го споделат својот поглед на светот низ призмата на комунистичката идеологија.
Гости на настанот ќе бидат претставници од партиските подмладоци на комунистичките и левичарските движења од пет европски земји: Македонија, Ирска, Норвешка, Романија и Италија. Тие ќе ги изложат своите перспективи и ќе дебатираат за актуелните геополитички предизвици и за тоа како младите гледаат на иднината на комунизмот во современиот свет.
Не пропуштајте ја оваа можност да слушнете инспиративни размислувања и да учествувате во значајна дискусија за иднината на комунизмот и геополитиката од перспектива на младите. Сите заинтересирани се добредојдени!
Настанот ќе се одржи на 12.08.2024 во 19:00 часот на платформата Џитси (Jitsi) преку следниов линк: https://meet.jit.si/Youth-andGeopolitics-CommunistPerspectives