Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма, согласно идеолошката поставеност на партијата огромно внимание е посветено на работничките права.
Изминатиот мандат, Левица со само двајца пратеници, успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, кожаде во фокус беа социјалните политики.
Претседателот на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес.
Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за работнички права:
- Редефинирање на листата на дејности и ризични професии со бенефициран стаж, со вметнување на тешки и трудовоинтензивнидејности.
- Укинување на принципот на позитивна дискриминација по етнички клуч и воведување на т.н. социјална позитивна дискриминација при вработување во јавниот сектор (пр. предност на огласите да имаат децата без родители, децата од социјално загрозени семејства, децата на стечајците, децата на сиромашните и сл.).
- Обврска за навремена исплата на плата во првата седмица од наредниот месец (од 1-ви до 7-ми во тековниот месец, за платата од изминатиот).
- Воведување на шестчасовен работен ден (т.е. 30 часовна работна недела, наместо 40 часовна) – намалување на полното работно време од 8 на 6 часа дневно, без негативни импликации врз висината на примањата кои ги примаат работниците, а со цел зголемување на продуктивноста и личниот развој, како и намалување на невработеноста.
- Враќање на правото на исплата на патни трошоци и трошоци за исхрана за работниците (патарина + хранарина).
- Намалување на максималното времетраење за кое може да се склучи договорот за работа на определено време – од пет години на шест месеци (и тоа само за сезонски работи).
Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк