Професорката Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на политичката партија Левица на фејзбук напиша:
Честитки за победниците!
Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално – да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција.
Народот очигледно не е подготвен за тоа. Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував.
Им благодарам на сите оние прекрасни луѓе што ги сретнав, гушнав, добив поддршка од срце а без очекување нешто за возврат. Благодарност за нивните гласови и нека не очајуваат.
Бев, сум и останувам левичар. Ќе чекориме заедно, ЛЕВА, ЛЕВА, ЛЕВА – како што пееше Мајаковски.
Да живее Македонија! Смрт на неофашизмот, слобода на народот