Македонските здруженија во соседна Бугарија повикаа на бојкот на претстојните избори во државата, нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Имајќи ја предвид тековната политика на бугарските власти против македонското малцинство во Бугарија, покажана уште еднаш во последните акции на безбедносните служби на средбата во Мелник на 21 април.

Отсуството во изборниот процес на партии кои би ја подобриле состојбата на Македонците во Бугарија и македонските односи.
Ги повикуваме сите членови на ОМО „Илинден“-ПИРИН, македонските организации и воопшто сите Македонци, да ги бојкотираат претстојните избори во Бугарија.

Да не ја легитимираме антимакедонската политика во Бугарија со нашиот глас!

Потписници на оваа иницијатива се: ОМО „ИЛИНДЕН“ – ПИРИН, ОМО Илинден, Граѓанска иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија, Здружение „Антички Македонци“, Здружение за заштита на основните граѓански права