Кандидатката за претседател на Левица, професорката Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош.
На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори, и народот повторно ги препозна цврстите ставови на левичарите – ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка
Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот!
Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, професорката како различна понуда од сите останати истакна дека:
“Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни!”
“Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности!”
“Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток! Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни!”
На крајот, професорката Ванковска и нашите кандидати за пратеници од ИЕ1 Ристовски и Јовановска, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот “Обединети нации” – симболот на заедништво во историската борба за слободна Македонија. – Стои во соопштението на Левица.