Светската и македонската јавност се згрозени од терористичкиот напад кој се случи минатата ноќ во Москва. На крајно умоболен, суров и грозоморен начин беа убивани невини луѓе од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“.
Според информациите кои се достапни засега убиени се стотина невини лица, најголем дел од нив млади луѓе, а помеѓу убиените има и деца. Бројот на ранети лица, кои се сместени во болниците е многу поголем.
Левица изразува длабоко сочувство до жртвите на терористичкиот напад и нивните семејства. Ваквите грозоморни дејствија заслужуваат најстрога осуда и санкција, како за извршителите, така и за нарачателите на убиствата!
Очекуваме и државниот врв да изрази сочувство и поддршка за семејствата на жртвите и ја искаже горчината која ја чувствуваат македонските граѓани од грозоморниот чин за кој нема сомнение дека го извршиле добро-обучени професионалци. – Стои во соопштението на политичката партија Левица.