Огормен воздушен брод со нуклеарен мотор и близу две илјади патници – вака СССР ги гледал воздушните бродови од иднината. Следува приказната за една од најрискантните инженерски идеи.
Воздушните бродови доживеале процут во периодот од втората до четвртата деценија од минатиот век, како во светот, така и во Советскиот Сојуз. Нивното сериско производство прв го започнал германскиот бизнисмен Фердинанд фон Цепелин. Подоцна неговото име непосредно се доведуваше во врска со воздушните бродови, па така тие и го добија називот „цепелини“. Во текот на целиот период од сериското производство цивилните воздушни бродови имаат изведено 2.500 летови и имаат превезено повеќе од 28.500 патници.
Од рекорди до катастрофи
Цепелин „СССР-В6 Осоавиахим“ над Москва. Кружен лет над руските градови изведен на 4 октоври 1937 без слетување и постигна светски рекорд со 130 часа и 27 минути во ваздух.
Воздушниот брод „Гроф Цепелин“ во 1929 година успеа да ја обиколи Земјината топка за 20 дена со само три слетувања, а светски рекорд во должина на летот постави советскиот „СССР-В6 Осоавиахим“, кој успеа да мине во воздухот 130 часа без ниту едно слетување.
Цепелините со текот на времето имаа сѐ поголем долет, но ги зголемуваа и своите димензии и носивоста. Најистакнат по големината беше џиновскиот цепелин од триесеттите години на минатиот век од класата „Гинденбург“. Неговиот габарит што можеше да се спореди со океански број наведе на мисла дека во една таква грдотија може да се смести огромен нуклеарен реактор, мотор и тешка биолошка заштита.
Цепелинот над Москва
Се претпоставуваше дека нуклеарниот цепелин, како и обичниот, ќе полета со помош на хелиум, па масата на самиот брод и неговиот реактор не играа посебна улога. Поради тоа многумина сметаа дека оваа идеја е сосема изводлива. Предностите на ваков брод беа очигледни: благодарение на нуклеарниот погонски систем цепелинот би имал константна тежина и неограничен долет.
Згора на тоа, нуклеарните воздушни бродови нудеа можност за освојување на тешкодостапни територии. Италијанецот Умберто Нобиле, кој работеше во подмосковското биро во Долгопрудное и го изгради воздушниот брод „Норвешка“ („Норвегия“), истакна:
„На светот постои барем уште една земја во којашто воздушните бродови би можеле да се развиваат и да се користат. Тоа е Советскиот Сојуз. Тој има огромна и главно рамна територија… Особено населените места на северот од Сибир се меѓусебно мошне оддалечени, па поради тоа изградбата на патиштата е мошне сложена, но затоа временските услови се погодни за летови со воздушен брод“.
Екипажот на „СССР-В6“, на крај одлева Иван Пањков.
Меѓутоа, неговите надежи не се оправдаа. Кон крајот на триесеттите години од минатиот век, по низа големи несреќи во различни делови од светот, изградбата на цепелини е прекината. За советската изградба на воздушни бродови последен удар беше случајот со „В-6“, токму со бродот којшто постави светски рекорд. Тој во 1937 година во услови на поларна ноќ и лошо време, изгуби ориентација, налета на планина и се урна.
Изгледаше дека аеронаутиката е страшно искомплицирана, додека изградбата на авиони, напротив, многу ветува. Но, што се случи со нуклеарниот проект?
Обид за обнова
Можеби звучи чудно, но амбициозниот советски нуклеарен проект се роди токму во моментот кога се чинеше дека на цепелините им е дојден крајот.
Советските цепелини „СССР-В6“ и „СССР-В7 (Чељускинец)“
Докторот на технички науки Генадиј Нестеренко во 1971 година на страниците на научнопопуларното списание „Техника на младината“ претстави концепт на еден мошне квалитетен и одлично осмислен проект за воздушен брод на нуклеарен погон.
Тој беше нешто поголем од обичните цепелини од минатото, но можеше да носи многу повеќе товар и патници. Покрај тоа, поради силата на нуклеарниот реактор, неговата брзина требаше да се зголеми на 200-300 километри на час.
Авторите на проектот најголемо внимание посветија на удобноста на овој брод. „Техника на младината“ пишуваше дека многумина сѐ уште се решаваат за патување со океански брод одошто со авион, иако е мошне бавен. Го избираат токму поради удобноста. Затоа конструкторите планираа нивниот цепелин да биде комбинација на најдобрите аспекти на авионите и на бродовите, односно спој на брзина и удобност.