Во 1999 година, за време на американското бомбардирање на Југославија, американските бомби не ја поштедија и кинеската амбасада во Белград. Кинеската амбасада беше погодена од американски проектил, којшто покрај материјалната штета, усмрти 4 луѓе, а преку 20 беа повредени.
Тоа буди голем гнев кај кинескиот народ и таму се раѓа голем интерес за воениот конфликт, па веднаш по тоа во Кина започнуваат масовни протести против американското бомбардирање на Југославија.
Официјален Пекинг пак уште од почетокот на американската воена интервенција, зазема јасен став против воздушните напади над Југославија. Кина повика итен состанок на Советот за безбедност при Обединетите нации за да го осуди тој напад.
Во истиот период амбасадата на САД во Кина, ги повика сите американци кои живеат во Пекинг на внимателност.
На протестите во Пекинг беа палени американски знамиња, се носеа транспаренти каде САД се споредува со нацистичка Германија, и беше изразена солидарност со југословенскиот народ.